Showing posts with label Ресен. Show all posts
Showing posts with label Ресен. Show all posts

December 18, 2025

За споменикот на плоштадот во Ресен

За овој споменик имам пишувано и порано. Денес најдов многу подобра фотографија, направена од Манаќи. Споменикот беше подигнат некаде во 1928 година, на плоштадот во Ресен, каде се погребани 300 македонски војници од Балканските војни и Првата светска војна. Споменикот беше подигнат од жителите на Преспа. Во Втората светка војна Бугарите го рушиле, и од тогаш нема трага од споменикот. И ден денес нема ни плаката или напис дека на плоштадот во Ресен погребани се македонски војници. Во скоро секое село во Преспа има споменик за загинати борци од НОБ, али ништо на ова место. 

На една страна на споменикот пишува, преведено на македонски, „Благодарни Преспанци го подигнаа овој споменик на загинатите браќа за ослободувањето на Преспа“. На другата страна пишува, „Овде се закопани костите на загинатите и умрени борци за ослободувањето на Преспа од 1912-1918. Е, сега вие драги Преспанци и Ресенчани прашајте се, дали вреди да се постави некој знак на тоа место, каде што многу од нас го газиме секој ден, дека тука лежат костите на наши сограѓани што го дале животот за нас. Во тоа време жителите на Преспа сигурно дале голема сума пари за да се изгради овој споменик. А зошто не и ние денес за да се постави една скромна плаката. Ме интересира, дали некој ќе може да препознае некој од овие Ресенчани.












December 22, 2018

Прашај го градоначалникот на Ресен

Пред некој ден размислував за некој проблем во Преспа, не е битно за што. 
Си велам, дај да му се јавам на градоначалникот да видиме што мислење има тој за проблемот. Да одам кај него лично ќе треба да чекам до четврток кога е неговиот приемен ден, а таму сигурно ќе има редица луѓе со многу побитни проблеми од мојот. Ами дај да видам дали може да му се обратам на веб страната на Општината.
Гледам таму најгоре лево линк за Прашај го градоначалникот. Супер, си велам. Кликнувам, излегува формулар за пополнување со полиња за моето име, маил, предмет и коментар. Одлично! Пополнувам, кликнувам на Испрати порака. И? Добивам одговор Се појави проблем. Ве молиме обитете се повторно. Ви благодариме! (Ова обитете не е моја печатна грешка, така стои во одговорот!) 
Нема проблем, ќе пробам повторно. Пак истиот одговор! Сега што правиме? 
Колку пати треба да пробам за пораката да стигне до градоначалникот? Ништо, си велам, ќе му пратам порака на неговиот личен маил. Кликнувам на линкот за контакти, ево ти го неговиот маил kabinet.gradonacalnik@resen.gov.mk. 
Ја праќам пораката, чекам, ден, два, три, одговор нема! И сега? 
Ваква абсурдност само славниот Франц Кафка би можел да измисли нешто вакво. Ова е исто како да те насочат да се жалиш за нешто кај човек чија врата е секогаш затворена. Ова за мене значи како градоначалникот да ми вели, Благодарам што ме избравте, сега вие седејте си дома и немојте да ме вознемирувате со вашите проблеми. А јас ќе си терам по свое. Ќе се слушниме на следните избори. 
Она со линкот за Прашај го градоначалникот не функционира повеќе од 4 (четири) години! Знам, бидејќи пробав да му се обратам на претходниот градоначалник од истиот линк без успех. 
Си велам, сигурно на денот на примопредавањето на власта овие двајцава се сретнале на кафе, Гошаревски го прашува Стрезовски, „ Абе, кажи ми како е најдобро да ги откачам луѓето што ќе ме молат да им решавам лични проблеми?“ А овај го советува, „ Многу лесно! Направи го линкот за “Прашај го градоначалникот“ да не функционира, не одговарај на маил пораки, а на приемниот ден во четврток речи и на секретарката ако некој те бара некој да им речи дека си на состанок, на пат, на погреб, или таа самата нека измисли нешто.“ Така и бидна.
Градоначалниците и луѓето во политиката на една држава треба да го сакаат својот народ, секогаш да бидат достапни за нив и да ги бранат нивните интереси. Тие не смеат да ги лажат со нефункционални линкови луѓето кои ги избрале. Во спротивно, местото не им е во државни функции.

За услугата во Општина ресен

Одам во Општина Ресен, ми треба информација каде да земам уплатница за данок на куќа. На капија нема никој. Знам во која установа во зградата треба да ја барам информацијата. Шетам на приземјето, на првиот спрат, на вториот спрат, и никаде не гледам натпис над врата за потребната установа. Редко над некоја врата има натпис на установата. 
Луѓе има насекаде низ ходниците, али како човек да ги препознае вработените од оние другите за да ги прашам за потребната информација. Се прашувам:
1. Дали навистина е толку голем трошок да се напише називот на установата над вратата на канцеларијата на установата?
2. Дали навистина е толку голем трошок некаде на приземјето да има плаката со називите на сите установи сместени ви општинската зграда и бројот на канцеларијата?
Сигурен сум ако им ги поставив овие прашања на некој одговорен во општината одговорот ќе беше, "Абе да почекаше малце ќе се појавеше вработениот на капијата и тој ќе ти кажеше во која канцеларија треба да одиш."

Замислете сега, во општината има вработен, или двајца вработени, чија единствена должност е да му кажуваат на посетителите во која канцеларија се наоѓаат установите сместени во зградата на општината. 
Исто замислете трошокот што го има општината да вработи луѓе чија главна или единствена должност е да ги насочуваат посетителите по канцеларии.

За македонскиот менталитет

Еве една доста реална слика за македонскиот менталитет. Ние што сме живееле во странство подолги години велиме, зошто, земи го истиот човек...