Јавните и приватните универзитети во Македонија веќе почнаа да рекламираат за студенти да им се запишат кај нив. За жал, идните студенти и нивните родители имаат многу малку информации и ресурси на кои можат да се потпрат при одлучувањето кој универзитет да го запишат и кој смер да го изберат.
Основната филозофија во образованието е „почни со размислување за крајниот резултat", што значи дека студентите треба да го избираат смерот строго врз основа на можноста за вработување. Освен ако родителите ве сакаат толку многу што можат да си дозволат да престојувате во Скопје 6-7 години без да им е грижа за крајниот резултат од вашето образование, ако изберете смер кој веројатно нема да доведе до вработување, тогаш ќе ги имате потрошено најдобрите години од животот без никаква перспектива за иднината. Ќе завршите со враќање дома, ќе продолжите да живеете со родителите и најверојатно ќе се вработите како обичен работник во некоја германска фабрика.
No comments:
Post a Comment