August 24, 2026

Анализа на поезија од професорката Наташа Аврамовска

Николина Андова Шопова e добитник на „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2026 за збирката „Во куќата“. Обожавам да читам поезија, ќе ја барам да ја купам книгата. Овде сакам само да се осврнам кон анализата на збирката од претседателката на жири-комисијата Наташа Аврамовска во една долга реченица: „Првиот циклус во колибата ја испишува потрагата по него (цврстото засолниште), тоа само се наѕира и насетува, истовремено испишувајќи ја фрагментираностa на поетскиот субјект во реалноста на секојдневието, при што немирот, нецеловитоста, разнебитеноста и невсредиштеноста без вистинско втемелување и тежиште наоѓа вонредно суптилни изрази во многу од песните на првиот циклус, во кои провева, наместа, и грдото лице на актуелните состојби во светот.“ Јас признавам дека сум полуписмен што се однесува до македонскиот литературен јазик, ама се прашувам дали ова е разбирливо за некој друг? Ги жалам студентите на професорката.

No comments:

Post a Comment

За македонскиот менталитет

Еве една доста реална слика за македонскиот менталитет. Ние што сме живееле во странство подолги години велиме, зошто, земи го истиот човек...