Showing posts with label закон. Show all posts
Showing posts with label закон. Show all posts

August 25, 2026

Пак за законот за употреба на македонскиот јазик

 Го читам новиот „Предлог на закон за употреба на Македонскиот јазик“ од Министерството за култура. Дури и јас полуписмен, забележувам еден куп печатни грешки на секоја страница, како например „конкурс за стипендирањеструдентиза изучување на македонскиот јазик“, „предлага основањеИнспекторат заупотребата“. Скоро да нема реченица без грешка како „образование.Како“, „лектор.Испитот“. Лицето што го напишало овој текст не се ни потрудило да го провери со спел-чекер. Патем, во предлогот пишува, „Член 7 (1) Задолжително се лекторираат на македонски јазик:... 2. службените документи и текстови на законодавната, извршната и судската власт и на единиците на локалната самоуправа и на јавните установи од областа на културата, образованието и науката што се објавуваат,“ а самиот овој текст на предлогот не е лекториран. Член 13, (1) Лекторирање, во согласност со овој закон, е правописно, граматичко, лексичко и јазично исправање и уредување на некој текст. ПРЕКРШОЧНИ САНКЦИИ член 32, (1) Глоба во износ од 250 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако: - објави нелекториран службен документ или текст (член 7 став (1) точка 2). Како например овој предлог-закон.

Ова се неколку мои коментари во врска со новиот предлог-закон за употреба на Македонскиот јазик и изјавите поврзани со изјави од Министерството за култура.
Према објавите од Министерството за култура, потребата од нов закон произлегува од непочитувањето на законските мерки од законот од 1998 година. Имало и нефункционалност на наставните планови, програми и реализација на наставата по македонски јазик на сите образовни степени. Министерката напоменува дека сето ова (новиот закон) заедно овозможува системски организирана грижа за македонскиот јазик во законодавна смисла која е и лесно применлива и во практиката. Значи, со овој закон треба да се реши проблемот со непочитување на претходните законски мерки, исто така ќе се спроведат функционални наставни планови, и сето ова ќе биде лесно применливо и во практика.
Јас би ги поставил следните прашања.
1. Пред да се оди со нов закон, дали сте се прашале зошто имаше непочитување на законските мерки од законот од 1998, и освен со зголемување на глобите за прекршок, како вие планирате да ги убедите луѓето да ги почитуваат законските мерки од новиот закон? (за ова подетално подолу)
2. Која е причината за нефункционалноста на наставните планови, програми и реализација на наставата по македонски јазик на сите образовни степени? Како точно вие планирате да го решите овој проблем? Како ќе ги изработите овие планови за да бидат функционални?
3. Велите, во Инспекторатот ќе бидат вработени 30 инспектори за македонски јазик кои ќе дејствуваат на терен. Ова не е баш многу јасно, што значи „на терен“? Инспекторите ќе шетаат од град во град, од институција во институција, ќе прегледуваат се и сешто што е напишано на Македонски јазик, дали е правилно напишано? Имате ли претстава колку такви инспектори ќе ви се потребни за целата држава, имајќи во предвид колку текстови со граматички грешки се произведуваат секој ден?
4. Во Член 7 (1) пишува, „Задолжително се лекторираат на македонски јазик:... 2. службените документи и текстови ... на локалната самоуправа и на јавните установи од областа на културата... што се објавуваат.“ Дали истото важи и за објавени записници од состаноци на Месни заедници од селата низ Преспа, каде што преовладува Преспанскиот дијалект, и за објави од игроорни групи?
5. За да се примени овој закон во сите институции низ целата држава, дали имате предвидено колку лектори би биле потребни, и дали воопшто има толку лектори во државата?
6. Одговорноста на правните и на физичките лица за правилна употреба на македонскиот јазик се обезбедува и со соодветна казнена политика. Во однос на глобите, Министерката информираше дека во верзијата на ЕНЕР се пониски предвидените глоби, но во договор со Министерството за култура мора да се направи усголасување со Законот за прекршоците и очекуваат овие глоби да бидат повисоки. Овде нема простор да ги наведам сите глоби, али можете да ги прочитате во законот, ПРЕКРШОЧНИ САНКЦИИ
член 32, на страница 15. Со оглед дека се предвидени глоби во делот за прекршочни одредби и во претходниот закон, и не беше барана одговорност, зошто сте убедени дека нешто ќе се смени со новиот закон, дека во иднина ќе се бара одговорност, дека луѓето кога ќе ги видат високите глоби ќе бидат поодговорни . Сега направете една кратка проценка колку прекршоци во употребата на Македонскиот јазик во државата би се случиле за еден месец. За секој прекршок ќе треба да се оди на суд, и колку судии ќе ви требат што ќе се бават само со прекршоци од овој закон? Во Законот за високо образование казнените и прекршочните одредби се наведени во 6 страници! Дали некој памти случај каде некој бил казнен за било каков прекршок во образованието?
7. Ова го поздравувам, али не сум убеден дека е можно да се оствари. Македонскиот јазик да биде задолжителен за изучување на сите факултети, во сите високо образовни институции без оглед дали се државни или приватни, а изучувањето да биде во два семестри. Не знам како е во Европските држави, али во Америка изучувањето на Англискиот јазик е задолжително на сите факултети, не со закон, али во пракса. Како би изгледал наставен план за изучување на македонскиот јазик на ниво на факултет? Во Америка Англискиот јазик се изучува во прва година. Ако е исто така и во Македонија, треба да се пресмета колку студенти од прва година има на сите факултети за да се види колку професори би биле потребни за држење предавања. Дали воопшто ќе има толку професори?
8. Донесувањето на Законот на годишно ниво би коштало 3 639 060,00 денари, или околу 60.000 евра, и тоа за основање Инспекторат за употребата на македонскиот јазик и за работа на Советот за македонски јазик. А за се друго, од каде пари? За инспекторите?
9. Во медиумите читам дека имало јавна дебата за Предлог-законот во НУБ „Св. Климент Охридски“. На дебатата учествувале членови на Советот за македонски јазик, истакнати професори и лингвисти, како и новинари. Од она што го прочитав во медиумите мене не ми изгледаше како дебата, него повеќе како објави од личности од присутните институции. Дебата е формална дискусија за одредена тема на јавен состанок или законодавно собрание, во која се изнесуваат спротивставени аргументи. За да има вистинска дебата треба да има присуство на спротивставени страни. Спротивставени не во смисла на луѓе што се против овој закон, него во некои одредби во законот.
10. Добро е што Министерството бара конструктивен дијалог и забелешки во врска со Предлог-законот. Забелешките може да се достават до Министерството на нивните електронски пошти или преку системот ЕНЕР. За забелешките да бидат во форма на дијалог или дебата тие треба да бидат достапни до секој. Јас лично би сакал да ги прочитам забелешките доставени до Министерството за и јас да можам да учествувам во дебатите. Како Министерството планира да ги објавува тие забелешки за да бидат достапни? Што се однесува до системот ЕНЕР, ако кликнете на Прописот за овој Предлог-закон ќе го добиете следниот одговор: „- - - Нема коментари за овој пропис - - -“!
11. И сега? а. Освен она што е објавено во медиумите во врска со „дебатата“ во НУБ „Св. Климент Охридски“, јас не знам точно кој рекол, што рекол за време на настанот и не можам да коментирам на нивните изјави. Добро ќе беше да имаше видео снимка од настанот ставена на Јутуб за да биде достапна до секого. б. Јас немам пристап до забелешките доставени до Министерството, ако воопшто има некакви забелешки. в. Во ЕНЕР системот нема никакви коментари. г. Огромна благодарност до господинот Ацо Лукароски што ја води групата „Македонски јазик“ на Фејсбук, каде може да се водат вистински дебати и вистински дијалози поврзани со јазикот.

Пак за законот за употреба на македонскиот јазик

 Денес владата најави уште еден нов Предлог-закон за употреба на македонскиот јазик. Според најавите, Законот предвидува вработување на таканаречена јазична полиција низ целата држава. „Македонскиот јазик е духовно богатство од посебно културно и историско значење за Републиката. Коректната употреба на македонскиот јазик е должност на граѓаните на Републиката“, се пропишува во Законот.

Министерството за култура со Советот за македонски јазик, пристапија кон изготвување нов закон за употреба на македонскиот јазик имајќи предвид дека сè повеќе се забележува непочитувањето на законските мерки и негрижата за македонскиот јазик на различни нивоа од општествениот живот.
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска рече дека постојниот Закон за употребата на македонскиот јазик нуди многубројни решенија и механизми за градење соодветна јазична политика, во функција на зајакнување на почитувањето на македонскиот стандарден јазик и неговата правилна употреба.
После повеќе од седумдесет години од кодификацијата на македонскиот јазик граѓаните на Македонија сеуште комуницираат на својот локален дијалект. Беше објаснето дека задолжително ќе се проверува кај секој граѓанин на Република Северна Македонија дали коректно го употребува македонскиот јазик.
Во однос на казнената политика, министерката за култура објасни дека за вршење инспекциски надзор над примената на Законот се предлага основање јазична полиција за употребата на македонскиот стандарден јазик.
„Јазичната полиција ќе биде насочена кон вршење на инспекциски надзор исклучиво од аспект на примената на македонскиот стандарден јазик, со што верувам дека ќе се зголеми правилната употреба на македонскиот јазик и тоа насекаде и во сите области и сфери во кои тој се употребува. Прекршочните одредби се усогласени со новиот Закон за прекршоците. Во овој предлог на закон се пропишуваат и глобите“, рече Костадиновска-Стојчевска.
Се предвидува на сите факултети за безбедност во државата да се воведи нов смер „Јазична полиција“, каде кандидатите ќе бидат обучувани како да препознаваат прекршоци во употребата на македонскиот литературен јазик и како да спроведуваат казнени постапки. Казнените постапки ќе бидат во форма на јавно камшикување. За оваа цел Министерството за култура планира да вработи врвни професори полицајци од одредот на „Моралната полиција“ во Иран и Авганистан за да ги обучуваат македонските кандидати како да го спроведуваат камшикувањето. Јазичните полицајци ќе бидат распределени насекаде и во сите области и сфери во државата, нарочито таму каде се прават најсериозните јазични прекршоци, на пазарите, во кафулињата и пред селските задруги и кооперации. Глобите ќе зависат од тоа каков јазичен прекршок има направено говорителот. Например, за грешна употреба на глаголската форма -ет од некој Охриѓанец следува само еден камшик. За неточна локација на акцентот од некој од источните предели на Македонија следуваат пет камшици. А за употреба на србизми меѓу говорителите во Скопје следуваат петнаесет камшици, итн.
Членовите на Комисијата за култура се согласија дека станува збор за квалитетен Предлог-закон, и посочија дека предлог текстот сепак има простор за подобрување, нарочито што се однесува до глобите. Членовите на комисијата предлагаат глобите да се зголемат трикратно. Се надеваме дека со овој нов закон за следните 175 години сите граѓани на Македонија ќе се ослободат од нивните архаични дијалекти и правилно ќе го употребуваат македонскиот литературен јазик, што е и нивна должност.

За Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик.

 Неколку коментари во врска со Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик. Македонскиот јазик во законот е дел од духовното културно наследство на Македонија, во иста категорија како и фолклорот и топонимите. Според Законот за заштита на културното наследство „Оддел 6, Член 101, (1) Заштитата на духовното културно наследство ... опфаќа и негување и правилна употреба, согласно со закон на заштита, утврден со актот за заштита.“ Значи, целта на Законот за употреба на македонскиот јазик е да го заштити Македонскиот јазик од неправилна употреба. Свадбените обичаи со закон исто така се дел од духовното културно наследство на Македонија од категоријата фолклор. Тогаш дали по ист принцип Министерството за култура евентуално може да бара закон за „заштита“ на свадбените обичаи од неправилна употреба. Имено, секој што ќе прави свадба ќе мора да ги следи пропишаните правила.

Во Оддел 7, Заштита на културното наследство од незаконски дејствија, Член 102 (1) стои „ За остварување ефикасна заштита од незаконски дејствија против културното наследство, органите и јавните установи за заштита ... се должни да преземат 1. Превентивни мерки со кои ќе се намалат можностите за појава на ризик од незаконски дејствија.“ Ова е и целта на Законот за употреба на македонскиот јазик, да се забрани со закон неправилната употреба на македонскиот јазик. Ако ја отворите веб страницата на Институтот за старословенска култура - Прилеп во делот за нематеријално културно наследство ќе го прочитате следното: „Институтот од 2010 г. е овластен субјект за заштита на духовното културно наследство на Македонија - фолклор и јазик.“ Каква врска има Институт за старословенска култура со современиот македонски литературен јазик? Исто е интересно што Институтот е овластен за фолклор и јазик, а не и за топоними - третиот дел од духовното културно наследство. Исто интересно прашање е, зошто топонимите се класифицирани како посебна категорија на духовно наследство, кога во лингвистичката наука тие се дел од јазикот - топономастика.

За „Законот за употреба на македонскиот јазик“ (1)

Идејата за заштита на македонскиот јазик со закон од негова неправилна употреба е глупава и главно неостварлива. Идејата дека државата ќе користи законска принуда за да го „заштити“ јазикот интервенирајќи во него е апсурдна и нелиберална. Секоја интервенција и оркестрација во употребата на македонскиот јазик од страна на државата е опасна и деструктивна. Овој закон ќе биде тешко да се спроведе и ќе наметнува само бесмислени казни за луѓето. Oбидот да се донесе овој закон е опасна илузија на луѓе со опсесивна посветеност кон правната “заштита“ на македонскиот јазик. Искрено кажано, нема потреба од Закон за „употреба“ на македонскиот јазик. Имам силно мислење за ова прашање и во следните неколку постови ќе објаснам зошто. Ова го правам од само една многу битна причина. Кога се носеше претстојниот Закон за употреба на македонскиот јазик од Собранието на седницата на 22 јануари 1998, при донесувањето на Законот немаше никаква дискусија од страна на пратениците, а претходно предлог-законот не беше ставен на јавна расправа, овој Закон донесен за заштита на македонскиот јазик не ја постигна својата цел. Истото се случува и со сегашниот предлог-закон. Имаше само една таканаречена дебата за предлог-законот во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде учествувале членови на Советот за македонскиот јазик, професори и лингвисти, како и новинари. Од она што го прочитав во медиумите, собирот мене не ми изгледаше како дебата, него само презентации од присутните институции. Најавено беше дека забелешки може да се достават до Министерството на нивните електронски пошти или преку системот ЕНЕР. Министерството за култура нема објавено забелешки до нивните електронски пошти, ако воопшто има доставено некакви забелешки, а во системот ЕНЕР до денес има само два коментари. Во „Извештајот за проценка на влијанието на регулативата“ (т.е. Законот за употреба на македонскиот јазик) под точка 5. Консултации, Преглед на добиените и на вградените мислења, стои „/“, или нема. Исто и под точка 5.2 Мислења што не биле земени предвид и зошто, стои „/“, или нема. Имајќи во предвид дека за овој предлог-закон како да нема никаква практична јавна дискусија од релевантните субјекти, стравувам дека овој закон ќе ја доживее истата судбина како оној од 1998 година.
Сега да преминам на нешто конкретно во врска со законот. Целта на овој закон е да се регулира „употребата“ на македонскиот јазик и да се казнува неговата неправилна употреба, што по мое мислење е илузорно и апсурдно. Да не заборавиме дека секој јазик, од минатото и од сегашно време, не е ништо друго освен еден обичен код, говорен и писмен, или алатка за комуникација и за производство на информации во писмена или говорна форма. Разбирливо е како може, и понекогаш можеби и треба со закон да се контролираат делата произведени со тој код, како на пример говорот на омраза, али апсурдно е да се мисли дека самиот код поседува некакви „духовни“ својства кои треба да се регулираат со закон и да се казнува неговата неправилна употреба. За време на Чаушеску во Романија потребна беше дозвола за машина за печатење, со цел да се контролира масовното ширење на информации во писмена форма. Како и со овој предлог-закон, таму целта беше со закон и со казнени одредби да се контролира самата алатка за производство и ширење на информации. Во Член 13, став 3 од Законот за употребата на македонскиот јазик од 1998 стои, „Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице што ќе објави нелекториран текст (член 7, став 1). За прекршокот од ставот 1 на овој член на правното лице може да му се изрече посебна прекршочна мерка одземање на предмети со кои е извршен прекршокот“. Што ова значи во практика? Ако нелекторираниот текст си го напишал на компјутер, на машина за печатење, со пенкало или со молив, истите предмети може да ти бидат одземени. Значи, со одземање на алатките на имателот му се забранува да продолжува да произведува нелекторирани текстови. Ова се само неколку примери од глупоста апсурдноста, опасноста и деструктивноста од донесување на овој закон.

August 24, 2026

Инспекциски надзор над примената на Законот за употреба на македонскиот стандарден јазик

[Ова е пародија]

После скоро осумдесет години од кодификацијата на македонскиот јазик граѓаните на Македонија сеуште комуницираат на својот локален дијалект. Од Министерството за култура објаснуваат дека задолжително ќе се проверува кај секој граѓанин на Република Северна Македонија дали коректно го употребува македонскиот стандарден јазик.

Во однос на казнената политика, од Министерството за култура објаснуваат дека за вршење инспекциски надзор над примената на Законот за употреба на македонскиот стандарден јазик се предлага основање јазична полиција за контрола на употребата на јазикот во секојдневната комуникација. Прекршочните одредби се усогласени со новиот Закон за прекршоците. Во овој закон се пропишуваат и глобите.
Се предвидува на сите факултети за безбедност во државата да се воведи нов смер „Јазична полиција“, каде кандидатите ќе бидат обучувани како да препознаваат прекршоци во употребата на македонскиот стандарден јазик и како да спроведуваат казнени постапки. Казнените постапки ќе бидат во форма на јавно камшикување.
За оваа цел Министерството за култура планира да вработи врвни професори полицајци од одредот на „Моралната полиција“ во Иран и Авганистан за да ги обучуваат македонските кандидати како да го спроведуваат камшикувањето. Јазичните полицајци ќе бидат распределени насекаде и во сите области и сфери во државата, нарочито таму каде што се прават најсериозните јазични прекршоци, на пазарите, во кафулињата и пред селските задруги и кооперации.
Глобите ќе зависат од тоа каков јазичен прекршок има направено говорителот. Например, за грешна употреба на глаголската форма -ет од некој Охриѓанец следува само еден камшик. За неточна локација на акцентот од некој од источните предели на Македонија следуваат пет камшици. А за употреба на србизми меѓу говорителите во Скопје следуваат петнаесет камшици, итн.
Со овој закон за следните 175 години сите граѓани на Македонија ќе се ослободат од нивните архаични дијалекти и правилно ќе го употребуваат македонскиот стандарден јазик, што е и нивна должност.

December 18, 2025

Пак за „Законот за употреба на македонскиот јазик“

 За „Законот за употреба на македонскиот јазик“

Идејата за заштита на македонскиот јазик со закон од негова неправилна употреба е глупава и главно неостварлива. Идејата дека државата ќе користи законска принуда за да го „заштити“ јазикот интервенирајќи во него е апсурдна и нелиберална. Секоја интервенција и оркестрација во употребата на македонскиот јазик од страна на државата е опасна и деструктивна. Овој закон ќе биде тешко да се спроведе и ќе наметнува само бесмислени казни за луѓето. Oбидот да се донесе овој закон е опасна илузија на луѓе со опсесивна посветеност кон правната “заштита“ на македонскиот јазик. Искрено кажано, нема потреба од Закон за „употреба“ на македонскиот јазик. Имам силно мислење за ова прашање и во следните неколку постови ќе објаснам зошто. Ова го правам од само една многу битна причина. Кога се носеше претстојниот Закон за употреба на македонскиот јазик од Собранието на седницата на 22 јануари 1998, при донесувањето на Законот немаше никаква дискусија од страна на пратениците, а претходно предлог-законот не беше ставен на јавна расправа, овој Закон донесен за заштита на македонскиот јазик не ја постигна својата цел. Истото се случува и со сегашниот предлог-закон. Имаше само една таканаречена дебата за предлог-законот во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде учествувале членови на Советот за македонскиот јазик, професори и лингвисти, како и новинари. Од она што го прочитав во медиумите, собирот мене не ми изгледаше како дебата, него само презентации од присутните институции. Најавено беше дека забелешки може да се достават до Министерството на нивните електронски пошти или преку системот ЕНЕР. Министерството за култура нема објавено забелешки до нивните електронски пошти, ако воопшто има доставено некакви забелешки, а во системот ЕНЕР до денес има само два коментари. Во „Извештајот за проценка на влијанието на регулативата“ (т.е. Законот за употреба на македонскиот јазик) под точка 5. Консултации, Преглед на добиените и на вградените мислења, стои „/“, или нема. Исто и под точка 5.2 Мислења што не биле земени предвид и зошто, стои „/“, или нема. Имајќи во предвид дека за овој предлог-закон како да нема никаква практична јавна дискусија од релевантните субјекти, стравувам дека овој закон ќе ја доживее истата судбина како оној од 1998 година.
Сега да преминам на нешто конкретно во врска со законот. Целта на овој закон е да се регулира „употребата“ на македонскиот јазик и да се казнува неговата неправилна употреба, што по мое мислење е илузорно и апсурдно. Да не заборавиме дека секој јазик, од минатото и од сегашно време, не е ништо друго освен еден обичен код, говорен и писмен, или алатка за комуникација и за производство на информации во писмена или говорна форма. Разбирливо е како може, и понекогаш можеби и треба со закон да се контролираат делата произведени со тој код, како на пример говорот на омраза, али апсурдно е да се мисли дека самиот код поседува некакви „духовни“ својства кои треба да се регулираат со закон и да се казнува неговата неправилна употреба. За време на Чаушеску во Романија потребна беше дозвола за машина за печатење, со цел да се контролира масовното ширење на информации во писмена форма. Како и со овој предлог-закон, таму целта беше со закон и со казнени одредби да се контролира самата алатка за производство и ширење на информации. Во Член 13, став 3 од Законот за употребата на македонскиот јазик од 1998 стои, „Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице што ќе објави нелекториран текст (член 7, став 1). За прекршокот од ставот 1 на овој член на правното лице може да му се изрече посебна прекршочна мерка одземање на предмети со кои е извршен прекршокот“. Што ова значи во практика? Ако нелекторираниот текст си го напишал на компјутер, на машина за печатење, со пенкало или со молив, истите предмети може да ти бидат одземени. Значи, со одземање на алатките на имателот му се забранува да продолжува да произведува нелекторирани текстови. Ова се само неколку примери од глупоста апсурдноста, опасноста и деструктивноста од донесување на овој закон.

November 21, 2023

Закон за употреба на македонскиот јазик

Идејата за заштита на македонскиот јазик со закон од негова неправилна употреба е глупава и главно неостварлива. Идејата дека државата ќе користи законска принуда за да го „заштити“ јазикот интервенирајќи во него е апсурдна и нелиберална. Секоја интервенција и оркестрација во употребата на македонскиот јазик од страна на државата е  опасна и деструктивна. Овој закон ќе биде тешко да се спроведе и ќе наметнува само бесмислени казни за луѓето. 

Кога државата го прогласи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како „духовно“ културно наследство, во иста смисла како археолошките наоди, споменици, икони, итн, со овој закон државата го прогласува македонскиот јазик како сопственост на државата, а не на говорителите на тој јазик. Значи, со овој закон употребата на македонскиот јазик е регулирана од државата, а државата има право и должност да употребува посебни казнени мерки за неправилна употреба на македонскиот јазик, во иста смисла како што има должност да употреби казнени мерки за неправилна употреба на материјалното наследство. Со овој закон државата фактички си го „присвојува“ македонскиот јазик, во иста смисла како со недвижното и движното материјалното наследство, и така може да управува со него, како со материјалното наследство, да дозволува или не дозволува негова употреба и да казнува за неправилна употреба на јазикот. 

На подносителите на овој јазик изгледа не им е јасно дека јазикот, било кој јазик, не е сопственост на државата да го регулира како што ѝ одговара. Јазикот е живо суштество што се менува периодично, и мора да се менува, и е сопственост на говорителите на тој јазик. Улогата на лингвистиката, и на сите тие установи дефинирани во овој закон за регулирање на употребата на македонскиот јазик не е да поставуваат правила за употребата на јазикот, туку да ги кодифицираат правилата како што ги користат говорителите на јазикот и да ги менуваат тие правила како што се менуваат во говорниот јазик. Тие правила треба да бидат алатка за говорителите на јазикот за подобра меѓусебна комуникација. Јазикот што не се менува, како латинскиот, црковно-словенскиот е мртов јазик.

Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик треба да биде голем скандал, но моето сомневање е дека многу лингвисти и политичари едноставно  не можат да ја прифатат идејата дека Владата и Министерството за култура би направиле нешто толку апсурдно, толку злобно. Какво мислење би имале браќата Кирил и Методи и Блаже Конески за овој закон? Како браќата Кирил и Методиј би реагирале, дали тие, првите кодификатори на старословенскиот јазик, би инсистирале со закон тој говор да биде во употреба насекаде кај словенските народи „до веки веков“, за и до ден денес сите словенски народи би зборувале на некој црковнословенски јазик? Ако Латините инсистираа латинскиот јазик да биде кодифициран со исти правила за употреба како тие во овој предлог-закон,  ќе немаше да постојат денешните француски, италијански, шпански и португалски јазик.

Да не заборавиме дека секој јазик, од минатото и од сегашно време, не е ништо друго освен еден обичен код, говорен и писмен, или алатка за комуникација и за производство на информации во писмена или говорна форма. Разбирливо е како може, и понекогаш можеби и треба со закон да се контролираат делата произведени со тој јазик/код, како на пример говорот на омраза, али апсурдно е да се мисли дека самиот код поседува некакви „духовни“ својства кои треба да се регулираат со закон и да се казнува неговата неправилна употреба. За време на Чаушеску во Романија потребна беше дозвола за машина за печатење, со цел да се контролира масовното ширење на информации во писмена форма. Како и со овој предлог-закон, таму целта беше со закон и со казнени одредби да се контролира самата алатка за производство и ширење на информации. 

Во Член 13, став 3 од Законот за употребата на македонскиот јазик од 1998 стои, „Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице што ќе објави нелекториран текст (член 7, став 1). За прекршокот од ставот 1 на овој член на правното лице може да му се изрече посебна прекршочна мерка одземање на предмети со кои е извршен прекршокот“. Што ова значи во практика? Ако нелекторираниот текст си го напишал на компјутер, на машина за печатење, со пенкало или со молив, истите предмети може да ти бидат одземени. Значи, со одземање на алатките за комуницирање на имателот му се забранува да продолжува да произведува нелекторирани текстови. Ова се само неколку примери од глупоста, апсурдноста, опасноста и деструктивноста од донесување на овој закон.

Како е кај соседите?

Во Русија на почетокот од оваа година Путин го потпиша нивниот Закон за рускиот јазик. И покрај бројните коментари и потсмеви, законот сепак беше усвоен. Во моментов не постои казнена одредба за одговорност за непочитување на законот за руски јазик. Така, излегува дека употребата на државниот јазик со кршење на јазичните норми е забранета, но не и казниво. Сепак, ако има закон, ќе има и казна за прекршување. Во овој случај, се уште не е јасно каква ќе биде одговорноста.

Во Бугарија повеќе од 20 години пратеници од различни пратенички групи периодично поднесуваат предлог-закони за бугарскиот јазик до Народното собрание, кои по дискусија, а понекогаш и без расправа, се отфрлаат, исто како и последниот од прошлата година. Ова е всушност трет обид да се донесе закон за бугарски јазик во последните 10 години. За разлика од кај нас, во Бугарија имаше обемна дискусија за овој закон во собранието, во медиумите и на интернет порталите. На крај ниту еден од овие предлог-закони не се усвои, бидејќи се виде дека со таков закон не може да се заштити јазикот од неговата употреба на говорителите и неговото природно развивање, и дека апсурдно е да се мисли дека тоа може да се оствари со парични казни за неправилна употреба. 

Последниот предло-закон во Бугарија прошлата година беше поднесен од претседателот на „Вазраждане“ Костадин Костадинов. Во медиумите овој закон генерално беше сумиран како „малку мрачен, малку комичен“. За Татјана Александрова од Институтот за бугарски јазик, предложениот Совет за бугарски јазик е непотребна институција со несоодветна функција, која ќе биде оптоварена со административни функции. Антонија Димитрова од „Продолжуваме со промената“ рече дека групата нема да го поддржи предлог-законот и го опиша како „пропаганда, а не форма на зачувување на бугарскиот јазик“. Лингвистите обично не се „за“ овој закон. Најголем дел од пратениците ја бранеа тезата дека јазикот не треба да се регулира со закони. Галина Банковска - заменик од ПГ на ГЕРБ: „Бугарскиот јазик е жив систем, нема шанси таков жив систем, кој динамично се развива, да се стави во законска рамка. Предлог-законот беше отфрлен, бидејќи само 19 пратеници од гласачите го поддржаа.

Во Хрватска Предлог-законот за хрватскиот јазик (https://www.sabor.hr/sites/default/files/uploads/sabor/2023-10-26/144801/PZ_572.pdf) беше поднесен на 26-ти октомври оваа година. Во тој закон, Член 10 (1) државните институции треба да вработуваат лектори за лекторирање на текстовите на хрватски јазик, а други органи ги обезбедуваат наведените задачи со надворешна лекторска служба. Во хрватскиот закон нема никакви казнени одредби за неправилна употреба на хрватскиот јазик, ниту пак потреба лекторите да имаат лекторска лиценца. 

Кога се носеше претстојниот Закон за употреба на македонскиот јазик од Собранието на седницата на 22 јануари 1998, при донесувањето на Законот немаше никаква дискусија од страна на пратениците, а претходно предлог-законот не беше ставен на јавна расправа, тој Закон донесен за заштита на македонскиот јазик не ја постигна својата цел. Истото се случува и со сегашниот предлог-закон. Имаше само една таканаречена дебата за предлог-законот во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде учествувале членови на Советот за македонскиот јазик, професори и лингвисти, како и новинари. Најавено беше дека забелешки може да се достават до Министерството на нивните електронски пошти или преку системот ЕНЕР. Министерството за култура нема објавено забелешки до нивните електронски пошти, ако воопшто има доставено некакви забелешки, а во системот ЕНЕР до денес има само два коментари. Во „Извештајот за проценка на влијанието на регулативата“ (т.е. Законот за употреба на македонскиот јазик) на Министерството за култура под точка „5. Консултации, Преглед на добиените и на вградените мислења“, стои „/“, или нема. Исто и под точка „5.2 Мислења што не биле земени предвид и зошто“, стои „/“, или нема. Во Бугарија имаше обемна дискусија во сите сфери. Во хрватскиот предлог-закон, во делот „Советување со јавноста за нацрт-законот за хрватски јазик“ има 323 коментари, наспроти „0“ во македонскиот предлог-закон. Имајќи  предвид дека за овој предлог-закон како да нема никаква практична јавна дискусија од релевантните субјекти, стравувам дека овој закон ќе ја доживее истата судбина како оној од 1998 година.

Одредбите во овој закон не можат практично да се спроведат. Само замислете колку лектори би биле потребни да го прочитаат секое парче хартија, секоја веб страница произведени секој ден и да заверат дека се во согласност со нормите на македонскиот јазик? Во врска со потребата од јазична инспекција (јазична полиција), чија должност ќе биде да проверува и да казнува за неправилна употреба на македонскиот јазик е толку апсурдна идеа, што не ни вреди да се дискутира. Министерството за култура треба да се срами и извини што измислиле таква глупост.

На крај, мојата надеж е дека политичарите и лингвистите ќе се потрудат детално да го прочитаат овој предлог-закон и ќе настојуваат да ги отфрлат сите глупи и апсурдни одредби, нарочито тие што се однесуваат за парични казни и потреба од лекторски испити и лиценцирање на лектори, и да со тоа ќе ги поштедите говорителите на македонскиот јазик од глупоста, апсурдноста, опасноста, потсмевот и деструктивноста од донесување на овој закон.

За македонскиот менталитет

Еве една доста реална слика за македонскиот менталитет. Ние што сме живееле во странство подолги години велиме, зошто, земи го истиот човек...