Showing posts with label Македон Димитровски. Show all posts
Showing posts with label Македон Димитровски. Show all posts

August 24, 2026

Дали Единаесетгодишниот Македон Димитровски освои вкупно 1.440 поени од можни 1.600 на SAT тест?

 Дали ова е вистина?

Ова е објавено во денешниот онлајн весник Нова Македонија. Прво се прашувам, како оваа вест дошла до весникот, и дали некој новинар од весникот пробал да потврди дали објавата е вистинита. Во весникот пишува дека оваа информација ја добиле „Според информациите објавени од неговото семејство...“. Никој новинар ниту прашал дали ова е вистина или не. SAT е стандардизиран приемен тест што го користат универзитетите во САД за проценка на академската подготвеност на кандидатите. Максималната оценка е 800 за математика и за англиски јазик. Во 2025 година средната оценка во Америка за англиски јазик беше 521, а за математика беше 508. Јас живеев и завршив гимназија во Америка, и јас го полагав овој испит, али моите оценки беа многу, многу послаби од тие на ова дете. Фотографијата во објавата во весникот е од Фејсбук профил на детето, сигурно изработена со вештачка интелигенција. Се прашувам, кој ја изработил фотографијата? Како прво, хартијата што ја држи во рака со оценките не е фотокопија од хартијата што ја добил со оценките. Зошто авторот на фотографијата не ставил вистинска фотокопија од оценките? Второ, што е и најсмешно, се работи за англиски грешки во амблемите на универзитетите. На фотографијата го има овој цитат, "From Macedonia to the world - Knowledge opens every door" (Од Македонија до светот - Знаењето ги отвора сите врати). Значи, на детето му се отворени сите врати на најреномираните универзитети во Америка. Авторот на фотографијата од профилот можел слободно да ги преземи амблемите на универзитетите од нивните интернет страници, али тој/таа одлучиле сами да ги изработат. Претпоставувам дека можеби и самото дете да ја изработил фотографијата за профилот. Ако е тоа така, и детето добило оценка 700 од максимум 800 за англиски, зошто има толку правописни грешки во англискиот јазик во амблемите на универзитетите? Ако некој друг ја изработил фотографијата, зошто самото дете, кое треба да го познава англискиот јазик како мајчин за да добие толку висока оценка, не ги приметил грешките? Каде се грешките?
1. За името на универзитетот 'HARVARD' во амблемот пишува 'HARVAD'.
2. Наместо 'MASSACHUSETTS INSTITUTE OF TECHNOLOGY' во амблемот пишува 'MAASACHUSTTS INSTITUTE STEE OF CHLLOGY'
И сега, каде е вината?
https://novamakedonija.com.mk/makedonija/nov-uspeh-na-mladiot-makedon-osvoi-1-440-poeni-na-sat-testot-rezultat-za-svetskite-univerziteti-na-samo-11-godini/

За успехот на детето Владимир Македон Димитровски

 Не е проблем тоа што родителите си го фалат и промовираат своето дете, нарочито насекаде во медиумите, ама проблем е тоа што неговите родители скоро секогаш го прават тоа со увеличување, лаги и полувистини во успесите. Овде ќе наведам само еден таков пример за детето Владимир Македон Димитровски, кој во медиумите е именуван и како „вистински гениј“. Се работи за еден негов успех во Математичките олимпијади за основни училишта (MOEMS) од САД. Неговиот успех во оваа олимпијада е објавен на неговата веб страна, на видео од школото НОВА во Скопје каде што тој учи, и во неколку медиуми во Македонија. Неговата мајка, Тина Димитровска, за овој негов успех на неговата Фејсбук страна пишува: „Голема гордост за нашиот Македон! Со извонреден успех тој освои златен медал во екипна конкуренција, а потоа постигна и највисок индивидуален резултат меѓу сите учесници. Како врв на овој огромен успех, Македон ја доби и престижната медалја „Џорџ Ленкнер“ за најдобар резултат меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи на натпреварот „Математички олимпијади за основни и средни училишта“, на ниво на американски училишта во САД и низ светот.“ Еве што пишуваа медиумит за овој негов успех: „Македон блесна на меѓународна олимпијада, освои злато и престижно признание во конкуренција од 56.913 натпреварувачи.“. „Во исклучително силна конкуренција од 56.913 ученици од САД и бројни земји ширум светот, младиот Македонец успеа да се искачи на самиот врв и да го освои највисокото признание.“ „Македон ја доби и престижната George Lenchner Medal за најдобар резултат меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи“. „Како врв на овој огромен успех, Mакедон ја доби и престижната George Lenchner Medal за најдобар резултат меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи на ниво на американски училишта во САД и низ светот.“ Читајќи ги овие изјави човек може многу лесно да си замисли дека имало некој натпревар по математика, каде учествувале 56.913 натпреварувачи и нашиот Македон бил единствениот што го добил единствениот златен медал на тој натпревар „меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи на натпреварот“, како што вели неговата мајка Тина Димитровска. Во најавите на сите медиуми се гледа дека сите тие ги добивале овие информации за натпреварот од родителите на детето, без да проверат за нивната веродостојност. Подолу ќе наведам неколку информации за фондацијата „Џорџ Ленкнер“ и за начинот како се организирани овие натпревари, а овде ќе се фокусирам на значењето на успехот на Македон во овој натпревар. На фотографијата од најавата на Фејсбук страната пишува дека имало 56.913 натпреварувачи и дека Македон бил „Најдобар меѓу сите“. Медалот George Lenchner се доделува на тој што добива 25/25 поени, и Македон е еден од нив. На фотографијата од школото Нова се гледа дека Македон не бил единствениот што го добил овој медал, него бил само еден од 369 натпреварувачи што го добиле истиот златен медал. Истото е наведено и во резултатите објавени од фондацијата MOEMS, дека во неговата група имало 369 натпреварувачи што го добиле истиот златен медал.. Ова е сепак огромен успех за Македон, али не е точно дека тој го добил единствениот златен медал на тој натпревар „меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи на натпреварот“.

Сега нешто за фондацијата MOEMS и за начинот како се води овој натпревар.
Математичките олимпијади MOEMS претставуваат светски натпревар по математика, организиран од непрофитна фондација со истото име. Натпреварот се одржува секоја година од ноември до март, при што секој месец се спроведува по еден тест. Тестовите се решаваат во самите училишта, а резултатите потоа се испраќаат до MOEMS за оценување. Постојат две групи – основна и средна. Задачите за основната група се наменети за ученици од 4 до 6 одделение, а задачите за средната група – за ученици од 6 до 8 одделение. Македон беше во првата група за ученици од 4 до 6 одделение. На секоја средба, од учениците се бара да решат 5 задачи со различна тежина за 30 минути. Секоја задача вреди 1 поен. Индивидуалниот резултат на ученикот претставува вкупен број решени задачи низ сите пет средби, или 25/25. На фотографиите долу има пример од еден таков тест од 5 задачи за ученик од групата на Македон. Првото прашање е собир на неколку броеви. Да напоменеме дека во една објава родителите на Македон велат дека тој го положил америчкиот испитот по математика SAT со неверојатни 740 од можни 800 поени. Тој испит го полагаат ученици што имаат завршено средно/гимназија на 18 годишна возраст. Во 2025 година средната оценка на овој испит во Америка беше 508 од можни 800 поени. Ваков успех нема добиено ниту било кое 11-годишно дете во Америка или светот, и затоа не е за верување.
Како се спроведуваат испитите организирани од MOEMS? Испитите не се спроведуваат директно од MOEMS, него од организатори на тимови во школи низ Америка и светот. Секое школо од било каде може да се пријави да спроведи испит со плаќање $215 на MOEMS за секој тим од 35 ученици. Тоа го направи и школото Нова од Скопје. Натпреварите се меѓу учениците во групата, а не индивидуално на меѓународно ниво, и меѓу групи од секој тим во секое школо. Со плаќање $215 за турнирот, организаторот на тимот во школото добива 5 тестови од по пет прашања секој и сè друго што е потребно за организирање успешен турнир. На крајот на турнирот се доделуваат награди. Најпрестижната награда е Медалот George Lenchner, кој се доделува на тој што добива 25/25 поени. За секој награден медал школото треба да и плати $13 на фондацијата MOEMS и го доделува на натпреварувачите во тимот. Фондацијата исто има онлајн продавница од каде натпреварувачите можат да си купат маици, капи, налепници, моливи и други работи со амблемот на фондацијата.
На крај, точно е дека Mакедон ја доби престижната George Lenchner Medal, али не за н

ајдобар резултат меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи, како што е објавено од неговите родители и од медиумите. Јас не сум математичар, али решавање на 5 задачи на 5 тестови во период од 5 месеци мене не ми изгледа како многу ригорозен начин за оценување по математика.


За македонскиот менталитет

Еве една доста реална слика за македонскиот менталитет. Ние што сме живееле во странство подолги години велиме, зошто, земи го истиот човек...