Во медиумите читам дека Советот на Општина Ресен едногласно го изгласа Буџетот на Општината за следната 2019 година.
Ево неколку прашања до Господата советници во врска со буџетот.
1. Зошто пред да го изгласате предлогот за буџетот не можам да го најдам на вашата веб страница за да можам да го прегледам и да коментирам?
2. Објаснете ми го процесот како одлучивте кои проекти за идната година ќе се финансираат?
3. Дали било кој од вас има дојдено во Подмочани, или во било кое место во Општината, да не праша: Луѓе, ние Господата советници го кроиме буџетот за идната година. Дајте ни предлози за проекти што вие сакате да бидат финансирани од Општината идната година.
Прочитајте го Член 8 од Законот за локална самоуправа, кој вели:
Информирање на јавноста
(1) Органите на општината, комисиите на советот и јавните служби основани од општината се должни без надоместок да ги информираат граѓаните за својата работа, како и за плановите и програмите кои се од значење за својата работа, како и и за плановите и програмите кои се од значење за развојот на општината, на начин утврден со статутот.
4. Ако вашата најглавна должност е да ги претставувате потребите на граѓаните на Општината, би ве замолил да ми објасните накратко како вие ја остварувате оваа должност.
Showing posts with label Општина Ресен. Show all posts
Showing posts with label Општина Ресен. Show all posts
December 27, 2018
December 22, 2018
За веб страницата на Општина Ресен
Комуникација со жителите на општината е најбитна за успешна работа на секоја општина. Само со редовна комуникација со граѓаните градоначалникот и советниците можат да добијат вистинска слика за нивните потреби. Како што напишав во претходен пост, администрацијата по инстинкт секогаш се стреми кон се помалце работа и помалце контакт со граѓаните. Наша должност е ние тоа да не му го дозволуваме , бидејќи ние сме ги платиле да ја вршат нивната должност. Ако не сакаат да ги слушнат нашите проблеми лично со директна комуникација или електронски преку нивната веб страница, тогаш ако треба може да се оди и со звучник пред нивната зграда. Мислам за последново нема потреба. Што се однесува до нивната страница, тие се задолжени да објавуваат многу повеќе документи и информации од она што таму постои сега.
1. Линкот Е-Општина > Пријави проблем, има неколку полиња за пополнување, Предмет, Коментар. Не знам дали ова функционира, или е исто како Прашај го градоначалникот. Можеби некој од вас има искуство. Тука не е наведено каков проблем може да се пријави.
2. На страницата Е-Општина > Слободен пристап на информации од јавен карактер се наведени околу 20-тина информации со кои располага општина Ресен, а кои се утврдени како информации од јавен карактер достапни до барателите. http://resen.gov.mk/ Default.aspx?vLCID=260.
Сега нека ми објасни некој зошто јас за да ги добијам овие информации треба да поднесам барање, да чекам еден месец, да платам за фотокопирање и да ги малтретирам вработените да ми ги набават овие информации, кога е многу поефикасно овие информации да бидат објавени на веб старницата на општината за да може секој да има пристап до нив во секое време? Зошто сите информации наведени на таа веб страница да не бидат достапни до барателите во секое време?
Зошто, на пример треба да се достави барање за “4. -Одлуки, решенија, програми, заклучоци и други акти поврзани со работата на органите на општина Ресен од областа на јавните дејности ( образование и култура, спорт, социјална и детска заштита заштита и спасување)“? Зошто ове информации да не бидат достапни на нивната веб страница?
2. На страницата Општи акти > Програми наведени се три програми, една за 2013-2015 година и две за 2013-2014 година. Во Програмата за селски водоводи 2013 - 2014 година стои “Подмочани -изградба на нов резервоар - 2.200.000,00“. Во Подмочани таков резервоар до денес не е изграден. Која е поентата да ги има овие програми на веб страницата од пред четири години? Ова се програми од минато време, некои остварени, некои неостварени. Овие на веб страницата се непотреби информации, освен да се види што било ветено и сотварено, или неостварено. А зошто нема наведено програми за денешно време, да речиме 2018-2020 година? Нели сегашната власт треба да има програми.
3. Одиме понатаму. Општи акти > Ревизорски извештаи. http://resen.gov.mk/ Default.aspx?vLCID=291. Таму има Ревизорски извештај само за 2015 година. А камо за 2016, 2017?
4. Општи акти > Извештаи. http://resen.gov.mk/ Default.aspx?vLCID=270. Тука има само еден извештај за 2015 година. А камо за 2016, 2017?
5. На линкот Совет > Комисии се наведени сите комисии. http://resen.gov.mk/ Default.aspx?LCID=250. Јас, на пример, можеби би сакал да ја контактирам Комисијата за доделување општински признанија и награди бидејки сакам да ми се додели некоја убава награда да закачам на ѕид. Кого да контактирам? Тука се наведени само називите на комисите, нема имиња на членови. Значи, оваа веб страница е сосема безвредна.
6. Ги читам имињата на советниците, ни еден не ми е познат. Од памтивек во Подмочани нема дојдено советник да поразговара со селаните, и затоа се прашувам, како тие функционират без да имаат реална слика за потребите на жителите на селото. Јас лично би сакал кои се овие луѓе, каде работаат, какви идеи имаат за подобрување на животот на преспанци.
Ситуацијата не е баш многу различна во месните заедници по селата. За време на последните избори за членови на месната заедница поставив едно прашање до присутните. Нека крени рака тој што ги знае имињата на сите членови на месната заедница во Подмочани? Никој не крена рака, освен некој од членовите на претходната месна заедница
1. Линкот Е-Општина > Пријави проблем, има неколку полиња за пополнување, Предмет, Коментар. Не знам дали ова функционира, или е исто како Прашај го градоначалникот. Можеби некој од вас има искуство. Тука не е наведено каков проблем може да се пријави.
2. На страницата Е-Општина > Слободен пристап на информации од јавен карактер се наведени околу 20-тина информации со кои располага општина Ресен, а кои се утврдени како информации од јавен карактер достапни до барателите. http://resen.gov.mk/
Сега нека ми објасни некој зошто јас за да ги добијам овие информации треба да поднесам барање, да чекам еден месец, да платам за фотокопирање и да ги малтретирам вработените да ми ги набават овие информации, кога е многу поефикасно овие информации да бидат објавени на веб старницата на општината за да може секој да има пристап до нив во секое време? Зошто сите информации наведени на таа веб страница да не бидат достапни до барателите во секое време?
Зошто, на пример треба да се достави барање за “4. -Одлуки, решенија, програми, заклучоци и други акти поврзани со работата на органите на општина Ресен од областа на јавните дејности ( образование и култура, спорт, социјална и детска заштита заштита и спасување)“? Зошто ове информации да не бидат достапни на нивната веб страница?
2. На страницата Општи акти > Програми наведени се три програми, една за 2013-2015 година и две за 2013-2014 година. Во Програмата за селски водоводи 2013 - 2014 година стои “Подмочани -изградба на нов резервоар - 2.200.000,00“. Во Подмочани таков резервоар до денес не е изграден. Која е поентата да ги има овие програми на веб страницата од пред четири години? Ова се програми од минато време, некои остварени, некои неостварени. Овие на веб страницата се непотреби информации, освен да се види што било ветено и сотварено, или неостварено. А зошто нема наведено програми за денешно време, да речиме 2018-2020 година? Нели сегашната власт треба да има програми.
3. Одиме понатаму. Општи акти > Ревизорски извештаи. http://resen.gov.mk/
4. Општи акти > Извештаи. http://resen.gov.mk/
5. На линкот Совет > Комисии се наведени сите комисии. http://resen.gov.mk/
6. Ги читам имињата на советниците, ни еден не ми е познат. Од памтивек во Подмочани нема дојдено советник да поразговара со селаните, и затоа се прашувам, како тие функционират без да имаат реална слика за потребите на жителите на селото. Јас лично би сакал кои се овие луѓе, каде работаат, какви идеи имаат за подобрување на животот на преспанци.
Ситуацијата не е баш многу различна во месните заедници по селата. За време на последните избори за членови на месната заедница поставив едно прашање до присутните. Нека крени рака тој што ги знае имињата на сите членови на месната заедница во Подмочани? Никој не крена рака, освен некој од членовите на претходната месна заедница
Subscribe to:
Posts (Atom)
За македонскиот менталитет
Еве една доста реална слика за македонскиот менталитет. Ние што сме живееле во странство подолги години велиме, зошто, земи го истиот човек...
-
Сега веќе ја добивме крајната цена за реконструкција на ова училиште во Љубојно, цели 32.8 милиони денари! Не сакам да бидам сфатен погрешно...
-
Последните неколку дена во македонските медиуми се шират информации за тоа како „Ракописи стари 500 години од Институтот за македонски јази...
-
Првиот пат кога се сретнав со масовно препишување на некој македонски универзитет беше на курс по техничко пишување што го предавав. Некаде ...