August 27, 2026
За македонскиот менталитет
Еве една доста реална слика за македонскиот менталитет.
Ние што сме живееле во странство подолги години велиме, зошто, земи го истиот човек од Македонија и занеси го во Германија, Шведска, Америка уште истиот ден ќе го смени менталитетот на тамошниот. Ќе ја почитува чистотата, нема да фрла ѓубре насекаде. Ќе има надпросечна волја за работа, нема да бара децата да му се вработат партиски. Ќе има поголема колективна свест да се направи нешто за општо добро, а не да размислува само себично. Социолозите велат менталитетот не се создава од денес за утре, туку тој се формира со години. Велат, за да го имаме европскиот вредносен систем ќе ни требаат генерации и генерации. Ама не било така. Можело многу брзо да се смени со преселување во друга држава. Друга работа што тука не е спомната, е тоа дека дел од нашиот менталитет е за се да ја обвинуваме државата, а никој не сака да се погледни во огледало и да се праша, зошто морам да бидам со таков менталитет? Зошто мора да ја фрлам лименката на пат од кола, кога можам да ја донесам дома со себе и да ја фрлам во ѓубре? Ако син ми завршил факултет јавна администрација пред 15 години на некој од приватните факултети и никако не можи да се вработи, зошто мојот менталитет ми вели дека државата е должна да му најди работа? Зошто мојот менталитет ми вели дека подобро ќе седам дома, него да му копам ендек на комшијата за дневница? Зошто е толку тешко да се смени овој менталитет овде во државава, а е многу лесно да се смени кога ќе одиме во странство?
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
За македонскиот менталитет
Еве една доста реална слика за македонскиот менталитет. Ние што сме живееле во странство подолги години велиме, зошто, земи го истиот човек...
-
Сега веќе ја добивме крајната цена за реконструкција на ова училиште во Љубојно, цели 32.8 милиони денари! Не сакам да бидам сфатен погрешно...
-
Идејата за заштита на македонскиот јазик со закон од негова неправилна употреба е глупава и главно неостварлива. Идејата дека државата ќе ко...
-
Последните неколку дена во македонските медиуми се шират информации за тоа како „Ракописи стари 500 години од Институтот за македонски јази...
No comments:
Post a Comment