Showing posts with label нација. Show all posts
Showing posts with label нација. Show all posts

August 24, 2026

Што е народ?

 „Народ се вељид људи који е од еден род и кои зборувајед еднаков збор, и који живунајед и се другарад еден со други, и који имајед јаднакви обичаји и песни и весеља; тије људите ји викајд народ“. Ѓоргија Пулевски

„Значи тоа е заедница на луѓе поврзана со долготраен историски развој, луѓе што имаат заедничко потекло, култура, свест за заедничка припадност и историска судбина. Основни обележја се заедничкиот јазик како средство за општење и столб во формирањето на народниот идентитет, културата и традицијата“. Панде Колемишевски. https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/shto-e-narod/

Народ e „замислена заедница“, која постои првенствено во умовите на нејзините членови. Наречена е „замислена" затоа што повеќето членови на заедницата никогаш нема да се сретнат, да се запознаат, па дури ни да слушнат за своите сограѓани, а сепак секој од нив носи ментална слика за нивната заедничка припадност и поврзаност. Заедницата (народот) е замислена како длабоко другарство — доволно силно за луѓето да бидат подготвени да умрат за неа. Концептот „народ“ не е природен, исконски феномен, туку релативно модерен културен конструкт. Benedict Anderson. „Imagined Communities: Reflections on the Origin and Spread of Nationalism“.

„Тукуречи исти зборови зборуваме. Само тие ги вртат наонаму, а ние - наваму зборовите. А некогаш, во старо време, сите сме биле едно исто гомно, иста лепешка. Ама поминала некоја кола и со колцата ја пресекла лепешкатана на две, па поминала друга кола и пак ја пресекла лепешката. И така, врвеле коли и ја испресекле лепешката и ние од една лепешка сме станале многу лепешки, многу гомна... сите исто смрдиме.“ Петре М. Андреевски. „Пиреј“

За македонскиот менталитет

Еве една доста реална слика за македонскиот менталитет. Ние што сме живееле во странство подолги години велиме, зошто, земи го истиот човек...