Министерката за образование Јаневска посочи дека годинава на сите универзитети се намалени околу 2.000 места за упис, но нагласи дека сите идни студенти ќе имаат можност да се запишат на посакуваните студиски програми. Овде има нешто контрадикторно. Ако местата за упис се намалени околу 2.000, тоа би требало да значи дека нема да има место за упис за 2.000 студенти. Нели? Ама исто вели дека сите студенти ќе имаат можност да се запишат на посакуваните студентски програми. Тогаш која е поентата да се намалат 2.000 места за упис. По мое мислење, работите одат вака. На пример, да речеме ланската година на некоја студиска програма имало 300 слободни места, а се запишале и биле примени само 100 студенти. А за оваа година бројот на слободни места ќе се намали на 200, али пак и оваа година сигурно ќе се запишат само 100 студенти. Значи, нема ништо да се смени. И друго. Ако секој студент има можност да се запиши на посакуваната студиска програма, што тоа покажува за квалитетот на универзитетското образование во Македонија, кога нема селекција на студенти со вистински ригорозни приемни испити, како што ги има во Индија, Кина, Кореа и во многу други држави? Според Јаневска, најголемо намалување има кај студиските програми од областа на бизнис-администрацијата, јавната администрација, економските и правните науки, како и кај одредени медицински струки, каде што е забележан поголем број невработени. Намалување кај овие студиски програми нема да има никакво влијание на невработеноста, бидејќи во државата има доволно приватни (воденици на дипломи) универзитети што ќе можат да ги задоволат потребите на секој студент.
https://novamakedonija.com.mk/makedonija/mon-gi-skrati-kvotite-za-upis-tehnichkite-fakulteti-ostanuvaat-prioritet/
No comments:
Post a Comment