August 24, 2026

За национална фабрика за вештачка интелигенција „Везилка“

 Денес во медиумите читам дека Македонија ќе добие национална фабрика за вештачка интелигенција „Везилка“. Со проектот Македонија станува дел од европската мрежа на центри за вештачка интелегенција и добива пристап до најсовремена инфраструктура за развој на вештачка интелигенција, европски суперкомпјутери и нови можности за истражување и иновации. Проектот го спроведува Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје во соработка со Министерството за дигитална трансформација. Супер идеа! Али, како и секогаш, Македонските влади се најмногу фокусирани на промовирање на проекти без разлика дали тој проект има некоја реална шанса да се оствари. Си велат, дај ова да го промовираме со безброј „ќе, ќе, ќе“ ветувања, бидејќи сигурно до задутре луѓето ќе заборават што сме промовирале и ветувале. Така е и со овој проект. Значи, ако веруваме, за скоро време Македонија ќе добиела национална фабрика за вештачка интелигенција „Везилка“. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на промоцијата на „Везилка“ вели, дека преку ‘Везилка‘ ќе се работи на развој на македонски јазични модели. Да се разбереме, до ден денес ниту ФИНКИ, ниту Министерството за дигитална трансформација немаат мрднато ниту прст во развој на вештачката интелигенција и развој на македонски јазични модели. Сигурно чекаа на спроведување на проектот, кој чини 6,5 милиони евра! Не ми верувате? Ако одете на страницата на Везилка и изберете 'Успешни приказни' значи, она што е до денес остварено, ќе добиете одговор 'Наскоро...'. Ова е сигурно бидејќи тие 6,5 милиони евра уште не се влезени во банкарска сметка. Дали до ден денес некој има работено со било каква апликација со вештачка интелигенција изработена од ФИНКИ или од Министерството за за дигитална трансформација?

https://vezilka.ai/mk/news/successstories/

No comments:

Post a Comment

За пренесувањето на Самоиловата плоча во Битола

  Во еден пост од January 12, 2020 во групата „Мојата Преспа...“, господинот Metodija Jonovski пишува за царските гробници на островот Ахил...