Не е проблем тоа што родителите си го фалат и промовираат своето дете, нарочито насекаде во медиумите, ама проблем е тоа што неговите родители скоро секогаш го прават тоа со увеличување, лаги и полувистини во успесите. Овде ќе наведам само еден таков пример за детето Владимир Македон Димитровски, кој во медиумите е именуван и како „вистински гениј“. Се работи за еден негов успех во Математичките олимпијади за основни училишта (MOEMS) од САД. Неговиот успех во оваа олимпијада е објавен на неговата веб страна, на видео од школото НОВА во Скопје каде што тој учи, и во неколку медиуми во Македонија. Неговата мајка, Тина Димитровска, за овој негов успех на неговата Фејсбук страна пишува: „Голема гордост за нашиот Македон! Со извонреден успех тој освои златен медал во екипна конкуренција, а потоа постигна и највисок индивидуален резултат меѓу сите учесници. Како врв на овој огромен успех, Македон ја доби и престижната медалја „Џорџ Ленкнер“ за најдобар резултат меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи на натпреварот „Математички олимпијади за основни и средни училишта“, на ниво на американски училишта во САД и низ светот.“ Еве што пишуваа медиумит за овој негов успех: „Македон блесна на меѓународна олимпијада, освои злато и престижно признание во конкуренција од 56.913 натпреварувачи.“. „Во исклучително силна конкуренција од 56.913 ученици од САД и бројни земји ширум светот, младиот Македонец успеа да се искачи на самиот врв и да го освои највисокото признание.“ „Македон ја доби и престижната George Lenchner Medal за најдобар резултат меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи“. „Како врв на овој огромен успех, Mакедон ја доби и престижната George Lenchner Medal за најдобар резултат меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи на ниво на американски училишта во САД и низ светот.“ Читајќи ги овие изјави човек може многу лесно да си замисли дека имало некој натпревар по математика, каде учествувале 56.913 натпреварувачи и нашиот Македон бил единствениот што го добил единствениот златен медал на тој натпревар „меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи на натпреварот“, како што вели неговата мајка Тина Димитровска. Во најавите на сите медиуми се гледа дека сите тие ги добивале овие информации за натпреварот од родителите на детето, без да проверат за нивната веродостојност. Подолу ќе наведам неколку информации за фондацијата „Џорџ Ленкнер“ и за начинот како се организирани овие натпревари, а овде ќе се фокусирам на значењето на успехот на Македон во овој натпревар. На фотографијата од најавата на Фејсбук страната пишува дека имало 56.913 натпреварувачи и дека Македон бил „Најдобар меѓу сите“. Медалот George Lenchner се доделува на тој што добива 25/25 поени, и Македон е еден од нив. На фотографијата од школото Нова се гледа дека Македон не бил единствениот што го добил овој медал, него бил само еден од 369 натпреварувачи што го добиле истиот златен медал. Истото е наведено и во резултатите објавени од фондацијата MOEMS, дека во неговата група имало 369 натпреварувачи што го добиле истиот златен медал.. Ова е сепак огромен успех за Македон, али не е точно дека тој го добил единствениот златен медал на тој натпревар „меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи на натпреварот“.
ајдобар резултат меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи, како што е објавено од неговите родители и од медиумите. Јас не сум математичар, али решавање на 5 задачи на 5 тестови во период од 5 месеци мене не ми изгледа како многу ригорозен начин за оценување по математика.


No comments:
Post a Comment