Неколку коментари во врска со Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик. Македонскиот јазик во законот е дел од духовното културно наследство на Македонија, во иста категорија како и фолклорот и топонимите. Според Законот за заштита на културното наследство „Оддел 6, Член 101, (1) Заштитата на духовното културно наследство ... опфаќа и негување и правилна употреба, согласно со закон на заштита, утврден со актот за заштита.“ Значи, целта на Законот за употреба на македонскиот јазик е да го заштити Македонскиот јазик од неправилна употреба. Свадбените обичаи со закон исто така се дел од духовното културно наследство на Македонија од категоријата фолклор. Тогаш дали по ист принцип Министерството за култура евентуално може да бара закон за „заштита“ на свадбените обичаи од неправилна употреба. Имено, секој што ќе прави свадба ќе мора да ги следи пропишаните правила.
August 25, 2026
За Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик.
Во Оддел 7, Заштита на културното наследство од незаконски дејствија, Член 102 (1) стои „ За остварување ефикасна заштита од незаконски дејствија против културното наследство, органите и јавните установи за заштита ... се должни да преземат 1. Превентивни мерки со кои ќе се намалат можностите за појава на ризик од незаконски дејствија.“ Ова е и целта на Законот за употреба на македонскиот јазик, да се забрани со закон неправилната употреба на македонскиот јазик. Ако ја отворите веб страницата на Институтот за старословенска култура - Прилеп во делот за нематеријално културно наследство ќе го прочитате следното: „Институтот од 2010 г. е овластен субјект за заштита на духовното културно наследство на Македонија - фолклор и јазик.“ Каква врска има Институт за старословенска култура со современиот македонски литературен јазик? Исто е интересно што Институтот е овластен за фолклор и јазик, а не и за топоними - третиот дел од духовното културно наследство. Исто интересно прашање е, зошто топонимите се класифицирани како посебна категорија на духовно наследство, кога во лингвистичката наука тие се дел од јазикот - топономастика.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
За пренесувањето на Самоиловата плоча во Битола
Во еден пост од January 12, 2020 во групата „Мојата Преспа...“, господинот Metodija Jonovski пишува за царските гробници на островот Ахил...
-
Сега веќе ја добивме крајната цена за реконструкција на ова училиште во Љубојно, цели 32.8 милиони денари! Не сакам да бидам сфатен погрешно...
-
Идејата за заштита на македонскиот јазик со закон од негова неправилна употреба е глупава и главно неостварлива. Идејата дека државата ќе ко...
-
Последните неколку дена во македонските медиуми се шират информации за тоа како „Ракописи стари 500 години од Институтот за македонски јази...
No comments:
Post a Comment