August 24, 2026

Колку е ниско паднато „високото“ образование во Македонија

 Во весникот „Нова Македонија“ професорката Солза Грчева пишува за тоа колку е ниско паднато „високото“ образование во Македонија. За се ја обвинува државата. Точно е дека и државата е виновна за лошата состојба на високото образование во Македонија. Али, по мое мислење од лично искуство најголемата вина е кај самите професори. Имам предавано на три универзитети во Македонија, и на три универзитети во САД, така да многу добро знам колкава и каква е вината на самите професори на универзитетите во Македонија. Општо гледано, имам приметено невидена мрза кај мнозинство на професорите во Македонија во однос на нивното истражување, предавање и односите со нивните студенти и со нивните колеги. Еве два примери. Во последните неколку месеци имам контактирано шестмина професори во Македонија во врска со мои истражувања, меѓу кои и професорката Грчева, и до ден денес немам добиено одговор ниту од еден од нив. Втор пример, моментално го истражувам и го средувам архивот на Сојузот на борците во Ресен (доброволно, без никаков надомест). Пред многу, многу години ангажиран беше професор од Институтот за национална историја да напише монографија за борецот Наум Веслиевски-Овчарот. Сите материјали му беа доставени за животот, делото и сеќавањата за Овчарот, така да немаше потреба професорот да прави никакви истражување, само да ги среди материјалите. Иако вработен во Институтот за национална историја со редовна плата, на професорот му беа исто така доделени 6.000 марки хонорар, и ред други трошоци. Поминаа десет години, од монографијата ниту една реченица. Имаше судење, професорот требаше да ги врати парите, али за жал професорот почина после неколку месеци. Трето, ако како професор од странство бараш некаква соработка со професор од Македонија, прво што ќе те праша е, што има овде за мене? Заклучокот е дека мнозинство професори во Македонија не си ја почитуваат својата професија, а за тоа не е виновна државата, него самите тие.

https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/kolku-e-nisko-padnato-visokoto-obrazovanie/

No comments:

Post a Comment

Пак за обнова на училиштето во Љубојно

  Сега веќе ја добивме крајната цена за реконструкција на ова училиште во Љубојно, цели 32.8 милиони денари! Не сакам да бидам сфатен погреш...