Во еден пост од January 12, 2020 во групата „Мојата Преспа...“, господинот Metodija Jonovski пишува за царските гробници на островот Ахил, каде исто така зборува за пренесувањето на Самоиловата плоча во Битола. Тој тврди дека Панде Јонов од Претор со коњска запрега ја пренесол плочата до Битола, и тоа во 1915.
August 25, 2026
За пренесувањето на Самоиловата плоча во Битола
Пак за законот за употреба на македонскиот јазик
Го читам новиот „Предлог на закон за употреба на Македонскиот јазик“ од Министерството за култура. Дури и јас полуписмен, забележувам еден куп печатни грешки на секоја страница, како например „конкурс за стипендирањеструдентиза изучување на македонскиот јазик“, „предлага основањеИнспекторат заупотребата“. Скоро да нема реченица без грешка како „образование.Како“, „лектор.Испитот“. Лицето што го напишало овој текст не се ни потрудило да го провери со спел-чекер. Патем, во предлогот пишува, „Член 7 (1) Задолжително се лекторираат на македонски јазик:... 2. службените документи и текстови на законодавната, извршната и судската власт и на единиците на локалната самоуправа и на јавните установи од областа на културата, образованието и науката што се објавуваат,“ а самиот овој текст на предлогот не е лекториран. Член 13, (1) Лекторирање, во согласност со овој закон, е правописно, граматичко, лексичко и јазично исправање и уредување на некој текст. ПРЕКРШОЧНИ САНКЦИИ член 32, (1) Глоба во износ од 250 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако: - објави нелекториран службен документ или текст (член 7 став (1) точка 2). Како например овој предлог-закон.
Дали Гоце Делчев е модерниот Александар Македонски?
Во денешниот весник „Нова Македонија“, по повод 120 години од убиството на Гоце Делчев професорката Наде Проева во нејзината колумна го споредува Гоце Делчев со Александар Македонски, како двајца слични „македонски великани“. Вели „двајцата великани биле космополити и во служба на државата без да прават разлика меѓу народите“.
Каква врска има Шефицата на Канцеларијата на Советот на Европа во Сараево, Бојана Урумова со с. Подмочани?
Ќе ви објаснам. Бојана е ќерка на професорката Смилка Здравковска. Смилка неколку пати била победник на градските и републичките натпревари по математика. Во 1964 година била во југословенскиот тим на Шестата меѓународната олимпијада по математика во Москва. Дипломирала на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ во 1969 година, а докторирала на Манчестерскиот универзитет во Англија. Во септември 1979 г. заминала во САД. Истата оваа Смилка Здравковска е ќерка на Петар Здравковски - Пенко. А овој Петар Здравковски - Пенко пред Втората светска војна ги учел вашите татковци (на вас постарите) и дедовци во старото училиште во Подмочани. Не само тоа, него исто им ја основал првата во Преспа задружна продавница во Подмочани, го основал првиот фудбалски клуб во Подмочани, и ги учел и им помагал на селаните за калапење тутун. Бил генерален конзул во Марсеј, во Франција. Бил Претседател на Советот за просвета на НРМ и Претседател на Универзитетскиот совет. Смртта го затече на функцијата амбасадор на владата на СФРЈ во Либан. Кога починал Пенко, Тито пратил венец за неговиот погребот. Во една порака Зоран Здравковски, пензиониран професор од Скопје и син на Пенко ми пиша „особено ме израдува дека сте се сетиле на нашиот покоен татко кој таму ја започнал просветителската кариера.“
Каква врска има врвот „Вртешка“ на Баба планина со с. Подмочани?
Во Илинденското востание населението на Подмочани зело масовно учество. Војводата Кочо Кочовски со четата од Подмочани, околу 80-90 души и со 500 невооружени мажи, жени и деца кои бегале од селата и несигурните збегови, тргнал кон Пелистер. Кон Пелистер се насочила и четата на Славејко Арсов. Кочовски и Арсов се искачиле на врвот „Вртушка“ на 2.000 надморска височина. Таму го нашле членот на Главниот штаб, Анастас Лозанчев кој бил пристигнат во реонот, па и тој се вклучил во згрижувањето на востаничките сили и населението. Кочовски, по два дена престој на врвот на Пелистер, заедно со населението и четата тргнал назад во веќе „прегазениот“ планински збег над Подмочани. Во борбата со Турците тој бил ранет. За да не падне во рацете на непријателот Кочо се самоубил. И убиен, војводата внесувал страв кај аскерот. Поради тоа аскерот го распарчил телото на војводата. Смртта на војводата се случила на 27 август 1903 година.
Насте Димовски од с. Подмочани
Пак за законот за употреба на македонскиот јазик
Денес владата најави уште еден нов Предлог-закон за употреба на македонскиот јазик. Според најавите, Законот предвидува вработување на таканаречена јазична полиција низ целата држава. „Македонскиот јазик е духовно богатство од посебно културно и историско значење за Републиката. Коректната употреба на македонскиот јазик е должност на граѓаните на Републиката“, се пропишува во Законот.
Еден настан од животот на Подмочанецот Трајко Китанчев
Од март 1881 до септември 1882 Трајко учителствувал во Петропавловската духовна семинарија во Велико Трново. Таму предавал логика, психологија, педагогика, историја на уметноста и философија. Штом се вработил тој ги обавестил родителите Цветко и Цвета во Ресен и го поканил татка си да го посети. Од Ресен до Петропавловската семинарија требало да има 10-12 дена пат пешки, али тоа не го запрело таткото, кој постојано патувал долги релации Ресен - Цариград за прехрана на своето семејство. Кога се приближил до семинаријата, Цветко облечен во обична селска облека, си ја истресил прашината од облеката и се приближил до местото каде стоиле учениците. Некој од нив го прашал кој е и што му треба таму. Старецот се збунил и тешко му било да одговори. Не можел да поверува дека неговиот Трајчо, кој како десетгодишно дете во Цариград продаваше зарзават со кош на рамо, сега има големо место во семинаријата. Цветко не можел да си поверува дека неговиот Трајчо може да биде учител и да учи други наука. На учениците им рекол дека го бара момчето Трајчета. Некои од учениците не можеле да разберат за кој Трајчо се работи, и го прашале кој е тој Трајчо и што му е тој на Трајчо. За да не го понижува сина си, на учениците им рекол дека тој е слуга на Трајчо. После една минута го видел сина си, и неговата радост немала крај. Со очи полни со солзи, тој од радост и од плачење не можел да му одговори на сите прашања на сина си за состојбите на домашните. Цветко го прашал, каква му е платата, Трајко му објаснил. - Ех, палај се во Бугарија, извикнал таткото, кога се зачудил од големата плата на син му. Месечната плата на Трајко била иста како годишната заработувачка на таткото. Сега да напоменам дека Подмочани од секогаш било село на „даскали“: 1. Ѓорѓи Ивановски (од семејството Белевци), учител во Подмочани пред Втората светска војна и член на Првото и Второто заседание на АСНОМ. 2. Науме Ристевски - син на попот Спиро Ристевски од Подмочани беше учител во село Лева Река од 1933г. 3. Владе Шарковски - Директор на основното училиште Јан Амос Коменски во Скопје. 4. Данче Стојановски (Кромичевски) - учител во Подмочани. 5. Наум Пеликудовски - професор во гиманзијата во Крушево. 6. Јагода Митревска, мажена во Подмочани, професор на Меѓународниот Славјански Универзитет, и 7. јас, Гоце Митревски, професор на три универзитети во САД. Се надевам дека младата генерација од Подмочани ќе ја продолжи традицијата.
За Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик.
Неколку коментари во врска со Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик. Македонскиот јазик во законот е дел од духовното културно наследство на Македонија, во иста категорија како и фолклорот и топонимите. Според Законот за заштита на културното наследство „Оддел 6, Член 101, (1) Заштитата на духовното културно наследство ... опфаќа и негување и правилна употреба, согласно со закон на заштита, утврден со актот за заштита.“ Значи, целта на Законот за употреба на македонскиот јазик е да го заштити Македонскиот јазик од неправилна употреба. Свадбените обичаи со закон исто така се дел од духовното културно наследство на Македонија од категоријата фолклор. Тогаш дали по ист принцип Министерството за култура евентуално може да бара закон за „заштита“ на свадбените обичаи од неправилна употреба. Имено, секој што ќе прави свадба ќе мора да ги следи пропишаните правила.
За „Законот за употреба на македонскиот јазик“ (1)
Каква заштита му треба на македонскиот јазик? (2)
На македонскиот јазик не му треба заштита СО Законот за употреба на македонскиот јазик, него заштита ОД истиот тој Закон.
Пак за обнова на училиштето во Љубојно
Сега веќе ја добивме крајната цена за реконструкција на ова училиште во Љубојно, цели 32.8 милиони денари! Не сакам да бидам сфатен погрешно, јас сум од Преспа и ме радува секаква инвестиција за разубавување на овој крај. Овој проект би сакал да го проанализирам од поширока гледна точка, што се однесува до неговата практична вредност за лингвистите, за промоција на македонскиот јазик и за државата. Овој проект има повеќе сентиментална вредност за тие што памтат кога учеле таму, има минимална историска вредност дека беше второ училиште после војната со настава на македонски јазик, а скоро никаква практична вредност за денес и за во иднина. Што се однесува до обновувањето, или реновирањето на школото, како што се гледа на фотографијата таму навистина нема што да се обнови, бидејќи таму нема ниту покрив, ниту четири здрави целосни ѕида. Целиот објект ќе треба да се руши и да се изгради сосема нов. На интернет има фотографии од проектот, според тој проект објектот нема да има ниту сличен изглед на сегашниот. Што се однесува до сентименталната вредност, верувам дека има многу, многу други културни објекти низ државите што исто така имаат сентиментална вредност за жителите на тие места. И зошто да се вложи ваква огромна сума само за реновирање на само еден таков објект? На пример, и ние во Подмочани имаме старо училиште со сентиментална вредност на кое му треба реновирање. Пред Втората светска војна во ова училиште предаваше тајно на македонски јазик Петар Здравковски - Пенко. Кога доаѓала инспекција во школото, Пенко им велел на учениците да ги кријат македонските книги во торбите. После војната Пенко беше Генерален секретар на Владата на СРМ, Претседател на Советот за просвета на НРМ и Претседател на Универзитетскиот совет и амбасадор во неколку земји.
За промоцијата на монографија за Сојузот на борците во Македонија
Еве неколку мои коментари во врска со овој настан, оваа монографија и ситуацијата со Сојузот на борците во Македонија. Во врска со монографијата не би можел да коментирам бидејќи ја немам при рака. На една фотографија гледам не ми изгледа поголема од стотина страници. Владата го поддржа проектот со финансиска поддршка од 450.000 денари (7.317 евра). Голема сума за толку мала монографија. Вториот дел од монографијата се однесува на историскиот развој на Сојузот на борците 1948 до 2023 година. Јас сум активен член на продолжувачите на Сојузот на борците од Ресен од пред две години, и во тој временски период никој од членовите на Сојузот не бил контактиран од авторката д-р Љубица Јанчева да праша за историскиот развој на Сојузот во Ресен.
August 24, 2026
Пак за обнова на училиштето во Љубојно
Сега веќе ја добивме крајната цена за реконструкција на ова училиште во Љубојно, цели 32.8 милиони денари! Не сакам да бидам сфатен погрешно, јас сум од Преспа и ме радува секаква инвестиција за разубавување на овој крај. Овој проект би сакал да го проанализирам од поширока гледна точка, што се однесува до неговата практична вредност за лингвистите, за промоција на македонскиот јазик и за државата. Овој проект има повеќе сентиментална вредност за тие што памтат кога учеле таму, има минимална историска вредност дека беше второ училиште после војната со настава на македонски јазик, а скоро никаква практична вредност за денес и за во иднина. Што се однесува до обновувањето, или реновирањето на школото, како што се гледа на фотографијата таму навистина нема што да се обнови, бидејќи таму нема ниту покрив, ниту четири здрави целосни ѕида. Целиот објект ќе треба да се руши и да се изгради сосема нов. На интернет има фотографии од проектот, според тој проект објектот нема да има ниту сличен изглед на сегашниот. Што се однесува до сентименталната вредност, верувам дека има многу, многу други културни објекти низ државите што исто така имаат сентиментална вредност за жителите на тие места. И зошто да се вложи ваква огромна сума само за реновирање на само еден таков објект? На пример, и ние во Подмочани имаме старо училиште со сентиментална вредност на кое му треба реновирање. Пред Втората светска војна во ова училиште предаваше тајно на македонски јазик Петар Здравковски - Пенко. Кога доаѓала инспекција во школото, Пенко им велел на учениците да ги кријат македонските книги во торбите. После војната Пенко беше Генерален секретар на Владата на СРМ, Претседател на Советот за просвета на НРМ и Претседател на Универзитетскиот совет и амбасадор во неколку земји.
Колку е ниско паднато „високото“ образование во Македонија
Во весникот „Нова Македонија“ професорката Солза Грчева пишува за тоа колку е ниско паднато „високото“ образование во Македонија. За се ја обвинува државата. Точно е дека и државата е виновна за лошата состојба на високото образование во Македонија. Али, по мое мислење од лично искуство најголемата вина е кај самите професори. Имам предавано на три универзитети во Македонија, и на три универзитети во САД, така да многу добро знам колкава и каква е вината на самите професори на универзитетите во Македонија. Општо гледано, имам приметено невидена мрза кај мнозинство на професорите во Македонија во однос на нивното истражување, предавање и односите со нивните студенти и со нивните колеги. Еве два примери. Во последните неколку месеци имам контактирано шестмина професори во Македонија во врска со мои истражувања, меѓу кои и професорката Грчева, и до ден денес немам добиено одговор ниту од еден од нив. Втор пример, моментално го истражувам и го средувам архивот на Сојузот на борците во Ресен (доброволно, без никаков надомест). Пред многу, многу години ангажиран беше професор од Институтот за национална историја да напише монографија за борецот Наум Веслиевски-Овчарот. Сите материјали му беа доставени за животот, делото и сеќавањата за Овчарот, така да немаше потреба професорот да прави никакви истражување, само да ги среди материјалите. Иако вработен во Институтот за национална историја со редовна плата, на професорот му беа исто така доделени 6.000 марки хонорар, и ред други трошоци. Поминаа десет години, од монографијата ниту една реченица. Имаше судење, професорот требаше да ги врати парите, али за жал професорот почина после неколку месеци. Трето, ако како професор од странство бараш некаква соработка со професор од Македонија, прво што ќе те праша е, што има овде за мене? Заклучокот е дека мнозинство професори во Македонија не си ја почитуваат својата професија, а за тоа не е виновна државата, него самите тие.
https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/kolku-e-nisko-padnato-visokoto-obrazovanie/
Буки, алатка за препознавање и транскрипција на говор на македонски јазик
Деновиве во скоро секој медиум во државата имаше изјава за тоа како македонски научници развиле алатка базирана на вештачка интелигенција за препознавање и транскрипција на говор на македонски јазик.
Презентацијата на алатката беше промовирана на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) во присуство на Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, која го оквалификува создавањето на платформата како „патриотски придонес“ на Универзитетот и на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс). Министерот за дигитална трансформација, м-р Стефан Андоновски, упати пофални зборови до организациската структура на проектот за целокупниот труд што е вложен за да се создаде оваа платформа.
На прв поглед сето ова изгледа нешто со што треба сите да се гордееме. Али се прашувам, како никому не му текнало на присутните и на тие што ја изработиле оваа алатка да проверат на интернет дали веќе постои нешто слично со поддршка за македонски јазик? Да, на интернет има десетици вакви алатки за препознавање на македонски говор. Јас лично употребувам две такви алатка од Turboscribe и Transkriptor. Google има "Advanced transcription, powered by Google’s AI" со поддршка за македонски јазик. Amazon Transcibe исто така има поддршка за македонски јазик.
Иновацијата не е во „развивање“ на ваква алатка од некои „научници“, бидејќи се што е потребно за ваква алатка за препознавање на говор на македонски јазик е веќе развиено и е бесплатно, само треба да се инсталира на некој сервер и да биде достапна за корисници. Скоро сите вакви алатки се базирани на Whisper AI. За инсталирање на Whisper на домашен систем потребни се Python 3.8–3.11, Windows 10, 11, Git, Conda, Pytorch, GPU support requires a CUDA®-enabled card, 4GB+ VRAM. Ова може да го направи секој со само малку разбирање за инсталирање програми на оперативниот систем Windows 10, 11.
Според мое лично мислење, овие „научници“ и „експерти“ за вештачка интелигенција, Дејан Порјазовски од Универзитетот „Аалто“ во Финска, проф. д-р Никола Стиков, професор по биомедицински инженеринг на Политехничката школа при Универзитетот во Монтреал, во соработка со проф. д-р Ордан Чукалиев, многу убаво и лесно успеале да ги изманипулираат нашите наивни професори и министри дека демек креирале нешто сосема ново што не постои никаде во светот. Друго што е чудно, платформата не е ни вистински лансирана за практична употреба, тоа ќе се прави допрва со македонски интерфејс. Ова е исто како да се фрли камен темелник за нешто што треба допрва да се гради. Многу галама за ништо! Голем „патриотски придонес“. И сите медиуми ја прифатиле изјавата како таква без потреба од нивно истражување за вистинитоста на изјавата. Алал да и ме!
https://ukim.edu.mk/ukim-ja-lansirashe-novata-digitalna-platforma-bazirana-na-veshtachka-inteligencija-buki/
Што е култура?
Културите се еден вид ментална инфекција или паразит, со луѓето како негов несвесен домаќин.
Органските паразити, како што се вирусите, живеат во телото на нивните домаќини. Тие се множат и се шират од еден домаќин на друг, слабеејќи ги, а понекогаш дури и убивајќи ги. Сè додека домаќините живеат доволно долго за да го пренесат паразитот, тој малку се грижи за состојбата на неговиот домаќин.
Токму на овој начин, културните идеи живеат во главите на луѓето. Тие се множат и се шират од еден домаќин на друг, повремено слабеејќи ги домаќините, а понекогаш дури и убивајќи ги. Културната идеја може да го натера човекот да го посвети својот живот на ширење на таа идеја, дури и по цена на смрт. Човекот умира, но идејата се шири.
Според овој пристап, културите не се заговори измислени од некои луѓе со цел да ги искористат другите. Напротив, културите се ментални паразити кои се појавуваат случајно, а потоа ги искористуваат сите луѓе заразени од нив. Овој пристап понекогаш се нарекува меметика. Исто како што органската еволуција се заснова на репликација на органски информациони единици наречени „гени“, така и културната еволуција се заснова на репликација на културни информативни единици наречени „меми“.
Успешните култури се оние кои се одлични во репродукцијата на нивните меми, без оглед на трошоците и придобивките за нивните човечки домаќини.
Вим Хоф, холандски мотивациски говорник
Мојот пост во „Мојата Преспа...“ за интервјуто со Бети Котовчевска на „Преспа колинг“ бил избришан без објаснување. Пробав на многу културен и научен начин да го дадам моето мислење за методот Вим Хоф. Немав апсолутно никаква намера да ја навредам Бети. Ако ја навредив, искрено се извинувам. Како и секој друг, Бети е слободна да си верува во што сака. За тие што ги интересира оваа тема постот го објавувам тука.
За прославувањето и чествувањето на денот на македонскиот јазик
Голем џумбуз, голема галама со прославувањето и чествувањето на денот на македонскиот јазик.
Што е етникум и замислена заедница?
Дали Торбешите се посебен етникум, или само специфична културно-религиска заедница во рамките на македонската нација? Дали државата треба уставно да го легализира етникумот Торбеши? Констатацијата на Академикот Ќулавкова е дека Торбешите не се посебен етникум, него се само дел од македонскиот народ, македонската нација, само со исламска вероисповед. Ќулавкова го оправдува нејзиното мислење со нејзина измислена тероја за значењето на терминот „етникум“. Моите коментари ќе ги поткрепам со концептот на „замислени заедници“, развиени од Бенедикт Андерсон во неговата книга „Замислени заедници: Размислувања за потеклото и ширењето на национализмот“. Се однесува на идејата дека нацијата е општествено конструирана заедница, замислена од луѓе кои се перцепираат себеси како дел од уникатна споделена група. Андерсон тврди дека нациите, како што е и македонската нација, се „замислени“ затоа што тие споделуваат ментална слика за нивната заедница и колективен идентитет. Просто речено, ако група на луѓе се замислуваат себеси како посебен народ, или посебна нација тие се посебен етникум, и толку. За такво чувство не им треба оправдување пред историчари, академици или власти. Али според Ќулавкова, треба да има одредени критериуми за постоење на некој посебен етникум, како например посебен јазик, обичаи, историски континуитет, итн. Според Ќулавкова Торбешите не ги поседуваат овие критериуми за да бидат дефинирани како посебен етникум, бидејќи единствената ралика меѓу Торбешите и Македонците е во тоа што Торбешите се со исламска вероисповед. Додека Торбешите велат дека има и други разлики, како например во нивниот јазик, обичаи и историски континуитет, и што е најважно, тие се чувствуваат како посебен етникум. Што се однесува до јазикот, Ќулавкова вели дека единствената разлика е само во голем број изрази поврзани со исламската религиска прагматика, но тоа не било доволно за да се диференцира јазикот на Торбешите како различен од македонскиот јазик. Јас не сум лингвист за да можам да различам кога некоја форма на некој стандарден јазик се разликува од него за да се дефинира како посебен јазик. Само знам дека пред не многу години во Црна Гора се зборуваше на српски јазик и тој јазик беше стандарден јазик во државата. А сега таму се зборува на црногорски јазик. Мојот преспански јазик многу се раликува од стандардниот македонски јазик и од јазикот во многу делови во Македонија, тоа може, али не мора да биде диференцијазија на Преспани како посебен етникум. Значи, јазикот на една група луѓе на кој тие зборуваат не мора да биде критериум за диференцијација на нивниот етникум. Исто така, овде можеме да направиме споредба со констатацијата на Бугарија, дека не е можно Македонците да бидат посебен етникум, бидејќи македонскиот јазик бил само некој дијалект на бугарскиот. Ќулавкова исто ја оспорува тезата за автохтоноста и посебноста на Торбешите во континуитет од десетина века, од 10 век до денес. Што се однесува до нивниот етникум, тоа е нивно лично мислење и чувство и не мора да има никаква историска поткрепа, како што нема никаква историска поткрепа за мислењето и чувството на многу Македонци денес дека автохтоноста и посебноста на денешните Македонци е во континуитет од времето на Александар Македонски. Да речеме, дошол некој Африканец од Нигерија во Македонија, тука живеел 50 години, зборува на чист стандарден македонски јазик, некој го прашал, што си ти по националност? Тој одговара - Македонец. Што има тука спорно, така човекот се чувствува. За Ќулавкова ова не би било доволно. Човекот треба да каже точно од кое племе од Нигерија тој потекнува, бидејќи таму има стотици племиња, и дали неговото племе е уставно легализирано како етникум во неговата држава. Она што е најмногу опасно од тезите на Ќулавкова е тоа дека постоењето на некој етникум мора да биде историски и научно оправдано без разлика на чувството на членовите на тој етникум, дека барањето уставно да се легализира етникумот Торбеши може да доведе до негативни последици, дека тоа ќе доведе до дезинтеграција на македонскиот национален ентитет, дека ќе доведе до сецесија на македонската нација врз етнички начела, тие се дел од македонската општествена, културна и религиска реалност и затоа треба да се признаат само како специфична културно-религиска заедница во рамките на македонската нација, а не како посебен етникум. Ова многу ми наликува на односот на Бугарија према македонскиот идентитет и македонскиот јазик, во Македонија нема Македонци, само македонски Бугари, македонскиот јазик е само дијалект на бугарскиот, и тоа е доволно да нема потреба да се признава меѓународно ниту македонската нација, ниту македонскиот јазик. Колку што ова мислење на Бугарија е навредливо за нас Македонците, толку треба мислењето на Ќилавкова, нарочито како академик, треба да биде навредливо за Торбешите.
https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/povelbata-za-identitetot-na-makedonskite-torbeshi-vo-kontekst-na-multireligiskiot-i-multietnichkiot-koncept-na-drzhavata/
За стипендии
Овде би сакал да се осврнам на колумната на професорот Венко Андоновски во весникот „Нова Македонија“.
Специјални звуци и извици во македонскиот јазик
А? - Не те слушнав. Што сакаш да кажеш?
За пренесувањето на Самоиловата плоча во Битола
Во еден пост од January 12, 2020 во групата „Мојата Преспа...“, господинот Metodija Jonovski пишува за царските гробници на островот Ахил...
-
Сега веќе ја добивме крајната цена за реконструкција на ова училиште во Љубојно, цели 32.8 милиони денари! Не сакам да бидам сфатен погрешно...
-
Идејата за заштита на македонскиот јазик со закон од негова неправилна употреба е глупава и главно неостварлива. Идејата дека државата ќе ко...
-
Последните неколку дена во македонските медиуми се шират информации за тоа како „Ракописи стари 500 години од Институтот за македонски јази...