August 24, 2026

За AI на Филозофскиот факултет

 На многу од вас сигурно вие познато дека во последно време често се бавам со обработување на алатки со вештачка интелигенција за истражување во македонската лингвистика и книжевност. Истовремено настојувам да се информирам за проекти во државата што се фокусираат на употребата на вештачката интелигенција во академски истражувања. Денес ја отворив веб страната „AI на Филозофскиот факултет“ да видам што таму се работи. Проектот има за цел да истражи и имплементира користење на вештачката интелигенција (ВИ) во научното истражување. Проектот истражува како ботовите со ВИ можат да бидат програмирани, и да пренесуваат знаење и информации во научното истражување на ефикасен и ефективен начин. На линкот „AI на Филозофски факултет“ се појавуваат линкови до сите институти на Филозовски факултет. Го селектирам линкот до Институтот за историја да видам што таму се работи со истражување со вештачката интелигенција. На оваа страна се појавува ботот „Македонка“ со фотографија од првиот број на списанието „Македонка“, списание на Антифашистишкиот фронт на жените од Македониија.

Ова е описот на ботот: „Експертизата на ботот Македонка ја вклучува историјата на жените во печатот на територијата на Вардарска Македонија помеѓу двете светски војни. Содржината на ботот се фокусира на важноста и влијанието на списанието “Македонка – Орган на АФЖ (1944-1952)” во историските и културните контексти. Значи, списанието Македонка Орган на АФЖ почна да излегува од ноември 1944 до 1952 година, а во описот на ботот стои дека „Македонка“ ја вклучува историјата на жените во печатот на територијата на Вардарска Македонија помеѓу двете светски војни.“ Се извинувам, али 1944-1952 не е период помеѓу двете светски војни. Од каде ваква глупава грешка?
После описот на ботот има 'поздрав' од ботот со овој текст: „Здраво! Јас сум Македонска, AI историчарка која се фокусира на феминизмот и родовата еднаквост во историјата“. Називот на ботот е „Македонка“, а овде самиот бот се претставува себе си како „Македонска“! Од каде и друга ваква глупава грешка?
После поздравот од Македонка/Македонска има место за поставување прашања до ботот. Претпоставувам дека овој бот ги има читано и запаметено сите содржини од списанието „Македонка“, го поставувам следното прашање: „Кои жени активисти од Преспа беа активни во АФЖ?“. Добивам одговор: „Во достапниот извор не се наведуваат конкретни жени активистки од Преспа кои биле активни во АФЖ.“ А во Архив на Македонија во Битола го има Фондот 904: „Околиски одбор на Антифашистичкиот фронт на жените – Ресен“ (1945–1950; 1945–1969). И во самото списание Македонка има неколку статии за активностите на жените од Преспа. Ете, толку овој бот на Институтот на историја на Филозофски факултет може да пренесува „знаење и информации во научното истражување на ефикасен и ефективен начин“.
https://aigender.net/makedonka/

No comments:

Post a Comment

Буки, алатка за препознавање и транскрипција на говор на македонски јазик

Деновиве во скоро секој медиум во државата имаше изјава за тоа како македонски научници развиле алатка базирана на вештачка интелигенција за...