За овој споменик имам пишувано и порано. Денес најдов многу подобра фотографија, направена од Манаќи. Споменикот беше подигнат некаде во 1928 година, на плоштадот во Ресен, каде се погребани 300 македонски војници од Балканските војни и Првата светска војна. Споменикот беше подигнат од жителите на Преспа. Во Втората светка војна Бугарите го рушиле, и од тогаш нема трага од споменикот. И ден денес нема ни плаката или напис дека на плоштадот во Ресен погребани се македонски војници. Во скоро секое село во Преспа има споменик за загинати борци од НОБ, али ништо на ова место.
На една страна на споменикот пишува, преведено на македонски, „Благодарни Преспанци го подигнаа овој споменик на загинатите браќа за ослободувањето на Преспа“. На другата страна пишува, „Овде се закопани костите на загинатите и умрени борци за ослободувањето на Преспа од 1912-1918. Е, сега вие драги Преспанци и Ресенчани прашајте се, дали вреди да се постави некој знак на тоа место, каде што многу од нас го газиме секој ден, дека тука лежат костите на наши сограѓани што го дале животот за нас. Во тоа време жителите на Преспа сигурно дале голема сума пари за да се изгради овој споменик. А зошто не и ние денес за да се постави една скромна плаката. Ме интересира, дали некој ќе може да препознае некој од овие Ресенчани.
No comments:
Post a Comment