August 25, 2026

За промоцијата на монографија за Сојузот на борците во Македонија

 Еве неколку мои коментари во врска со овој настан, оваа монографија и ситуацијата со Сојузот на борците во Македонија. Во врска со монографијата не би можел да коментирам бидејќи ја немам при рака. На една фотографија гледам не ми изгледа поголема од стотина страници. Владата го поддржа проектот со финансиска поддршка од 450.000 денари (7.317 евра). Голема сума за толку мала монографија. Вториот дел од монографијата се однесува на историскиот развој на Сојузот на борците 1948 до 2023 година. Јас сум активен член на продолжувачите на Сојузот на борците од Ресен од пред две години, и во тој временски период никој од членовите на Сојузот не бил контактиран од авторката д-р Љубица Јанчева да праша за историскиот развој на Сојузот во Ресен.

Сега малце за Сојузите на борците низ Македонија. До пред 10-15 години Сојузите на борците беа државотворни организации, а сега се здруженија на граѓани. Порано беа финансирани од државата, а сега како граѓански здруженија се снаоѓаат како што можат. Повеќето што се регистрирани се неактивни бидејќи немаат никакви финансиски средства. Да не заборавиме дека денес редко да има жив борец од НОБ, така да членовите се првенствено „продолжувачи“. Постои Главен одбор на Сојузот на борците со седиште во Скопје и со своја Фајсбук страница, и таа организација исто така е самостално здружение на граѓани, што нема никаква соработка и одговорност за работата на организациите во другите градови. Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институт за македонски јазик и промотор на монографијата исто така е потпретседателка на Главниот одбор на сојузот на борците. Немам податоци како Главниот одбор на сојузот на борците во Скопје се финансира. На 25 февруари 2021 претседателот Пендаровски имаше средба со претставници на Главниот одбор на Сојузот на борците. Претставниците на Сојузот на борци, образложувајќи ја моменталната состојба во организацијата, го информираа претседателот Пендаровски за предизвиците во финансиското работење, што претставува проблем за нивно основно функционирање. Во неговото обраќање Премиерот Ковачевски информира дека од 2024 година во буџетот на државата ќе има ставка за Сојузот на борците и се одобрени 1.200.000 денари за активности кои што ги имаат Сојузот на борците. Прашање е каде тие пари ќе одат, дали во касата на Главниот одбор за монографии, промоции и коктели, или кај општинските сојузи. Имајќи во предвид дека Главниот одбор до денес скоро да нема никакви контакти со општинските сојузи, јасно е каде ќе одат парите. Банкарската сметка на Сојузот во Ресен е нула (0). Само благодарение на градоначалниците на Ресен успеваме да набавиме цвеќиња за паднатите борци од нашата општина.
Сега малце за самиот настан. Настанот за промоција на монографијата, од само стотина страници, беше во Музејот на македонската борба за самостојност. На фотографии се гледа дека имаше околу 50-75 посетители. Имаше говор Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, исто и Министерката за Култура преку видео линк. На веб-страницата на Премиерот има интегралниот текст од неговото обраќање. Ако го прочитате неговиот текст ќе видите дека неговиот говор изгледаше повеќе како политичка пропаганда. Споменува пратеничка група на СДСМ, Европската Унија, НАТО, „и тоа до сега никогаш не било, а сега го овозможивме“. За промоција на на една мала монографија од стотина страници се организирал собир од Премиер, Министерка за култура и група видни личности! Само во Македонија!

No comments:

Post a Comment

За промоцијата на монографија за Сојузот на борците во Македонија

  Еве неколку мои коментари во врска со овој настан, оваа монографија и ситуацијата со Сојузот на борците во Македонија. Во врска со моногра...