Дали ова е вистина?
Ова е објавено во денешниот онлајн весник Нова Македонија. Прво се прашувам, како оваа вест дошла до весникот, и дали некој новинар од весникот пробал да потврди дали објавата е вистинита. Во весникот пишува дека оваа информација ја добиле „Според информациите објавени од неговото семејство...“. Никој новинар ниту прашал дали ова е вистина или не. SAT е стандардизиран приемен тест што го користат универзитетите во САД за проценка на академската подготвеност на кандидатите. Максималната оценка е 800 за математика и за англиски јазик. Во 2025 година средната оценка во Америка за англиски јазик беше 521, а за математика беше 508. Јас живеев и завршив гимназија во Америка, и јас го полагав овој испит, али моите оценки беа многу, многу послаби од тие на ова дете. Фотографијата во објавата во весникот е од Фејсбук профил на детето, сигурно изработена со вештачка интелигенција. Се прашувам, кој ја изработил фотографијата? Како прво, хартијата што ја држи во рака со оценките не е фотокопија од хартијата што ја добил со оценките. Зошто авторот на фотографијата не ставил вистинска фотокопија од оценките? Второ, што е и најсмешно, се работи за англиски грешки во амблемите на универзитетите. На фотографијата го има овој цитат, "From Macedonia to the world - Knowledge opens every door" (Од Македонија до светот - Знаењето ги отвора сите врати). Значи, на детето му се отворени сите врати на најреномираните универзитети во Америка. Авторот на фотографијата од профилот можел слободно да ги преземи амблемите на универзитетите од нивните интернет страници, али тој/таа одлучиле сами да ги изработат. Претпоставувам дека можеби и самото дете да ја изработил фотографијата за профилот. Ако е тоа така, и детето добило оценка 700 од максимум 800 за англиски, зошто има толку правописни грешки во англискиот јазик во амблемите на универзитетите? Ако некој друг ја изработил фотографијата, зошто самото дете, кое треба да го познава англискиот јазик како мајчин за да добие толку висока оценка, не ги приметил грешките? Каде се грешките?
1. За името на универзитетот 'HARVARD' во амблемот пишува 'HARVAD'.
2. Наместо 'MASSACHUSETTS INSTITUTE OF TECHNOLOGY' во амблемот пишува 'MAASACHUSTTS INSTITUTE STEE OF CHLLOGY'
И сега, каде е вината?
https://novamakedonija.com.mk/makedonija/nov-uspeh-na-mladiot-makedon-osvoi-1-440-poeni-na-sat-testot-rezultat-za-svetskite-univerziteti-na-samo-11-godini/
No comments:
Post a Comment