Во еден пост од January 12, 2020 во групата „Мојата Преспа...“, господинот Metodija Jonovski пишува за царските гробници на островот Ахил, каде исто така зборува за пренесувањето на Самоиловата плоча во Битола. Тој тврди дека Панде Јонов од Претор со коњска запрега ја пренесол плочата до Битола, и тоа во 1915.
Во својот извештајот од 20 октомври 1916 година, испратен до ГШ на бугарската армија, бугарскиот етнограф на Првата бугарска армија Стефан Лазаров Костов опишува како е однесена во Софија познатата Самуилова надгробна плоча од селото Герман. Во извештајот во кој се говори за посетата на преспанските села Герман, Нивици, Винени и Аил, Костов ќе го забележи следното:
„По наредба на началникот на штабот на Првата армија од 6 м.м. поминав низ селата Нижо Поле, Брајчино, Љубојно, Долно Дупени за селото Герман, во окупираната од нашите војски грчката територија во близина на Преспанското Езеро. Мојата цел беше да го земам од тоа село познатиот натпис на Самуил и да го пренесам во Софија.... Во ноќта, јас, командантот Јордан Трајков, моите коњаници и двајца четници, влеговме во црквата, ја изнесовме плочата од олтарот и ја натоваривме на колата на еден Турчин од соседното село Р’мби, кој ја однесе во селото Наколец, а потоа со друга кола - во Битола. Од Битола ја донесов плочата во Софија и ја предадов на Националниот археолошки музеј.“
Значи, плочата не била пренесувана во 1915, наго во 1916г. Плочата се споменува во еден друг извештај од 12.XII.1915, од началникот на генералштабот на 2-та армија, каде он пишува, „На пат кон Охрид застанав во градот Ресен. Овде добив можност да дознам за судбината на натписот на цар Самуил, најстариот датиран споменик од Првото бугарско кралство. До денес највнимателно и најтајно ја чуваат тројца селани во селото Герман (Преспанско) на грчко-бугарската граница - на грчка територија. Пет дена пред моето заминување, дојдоа селани од селото Герман и доверливо му кажаа на ресенскиот поглавар г. Георги Татарчев, кмет на гр. Ресен, дека ја чуваат плочата со натпис, ќе ја пренесат во Ресен ако село остане на грчка територија. Го убедив Г. Татарчев уште во првата прилика да ја собере плочата (споменикот) и да ја испрати во Софискиот народен музеј.“
Во својот извештај Костов вели дека од Наколец плочата „со друга кола“ била однесена во Битола и не наведува кој учествувал во тој пренос. Ни во едниот ни во другиот извештај не се споменува името на Панде Јонов од Претор. Можно е тој да учествувал во преносот на плочата од Наколец до Битола, али за такво тврдење треба да се наведи веродостоен извор. Знам дека за некои читатели грешки во датата не се баш многу битни, али се многу важни за изучувања на историски факти.
No comments:
Post a Comment