Во црквата св. Петка во с. Брајчино, на фреска која го прикажува св. Ѓорѓи и неговото убивање на ламјата, неа (ламјата) врзана со тенко но сосема видливо јаже држи една царска ќерка. Според преданието поврзано со оваа претстава, која е ретка, ако не и единствена од овој вид во Македонија, се работи за чудо кое се случило во градот Вирит (Сирофеникија) блиску до денешен Бејрут, чии жители биле многубожци. Крај градот имало големо езеро во кое живеела огромна ламја. Еден ден народот во страв дошол кај царот и побарал тој да ги заштити. Тогаш царот им дал совет дека треба секој ден со ред да даваат по едно од нивните деца на ламјата како жртва, со тоа што кога ќе му дојде нему редот е подготвен и тој да ја даде својата ќерка. Но кога чукнал тој час царот не смогнал сили да ја жртвува ќерка си, и ѝ предложил таа да се скрие. Но принцезата не прифатила и одлучила да ја сочува неговата чест. Во моментот кога стоела на брегот на езерото чекајќи го смртниот час одеднаш пред неа се појавил војникот Божји, св. Ѓорѓи, качен на бел коњ. Девојката му раскажала зошто е таму и го замолила да си оди, за да не настрада и тој. Но светецот се прекрстил и повикувајќи го Господа на помош и забил копје на ламјата во грло. Потоа и наредил на девојката со својот појас да ја врзе ламјата и да ја води низ градот како кротко куче, за народот во чудо да гледа. Потоа св. Ѓорѓи им рекол: „Не се плашете, туку верувајте во Него, кој ме прати кај вас за да ве спасам од ламјата“. Тогаш и царот и сиот народ поверувале во Господ Исус Христос и го примиле Светото Крштевање. Се прашувам, како оваа легенда дошла да се нацрта на фреска во Преспа? Можеби поврзаноста е со езерото?
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Буки, алатка за препознавање и транскрипција на говор на македонски јазик
Деновиве во скоро секој медиум во државата имаше изјава за тоа како македонски научници развиле алатка базирана на вештачка интелигенција за...
-
Сега веќе ја добивме крајната цена за реконструкција на ова училиште во Љубојно, цели 32.8 милиони денари! Не сакам да бидам сфатен погрешно...
-
Идејата за заштита на македонскиот јазик со закон од негова неправилна употреба е глупава и главно неостварлива. Идејата дека државата ќе ко...
-
Последните неколку дена во македонските медиуми се шират информации за тоа како „Ракописи стари 500 години од Институтот за македонски јази...
No comments:
Post a Comment