December 27, 2018

Буџетот на Општина Ресен за 2019 година

Во медиумите читам дека Советот на Општина Ресен едногласно го изгласа Буџетот на Општината за следната 2019 година. 

Ево неколку прашања до Господата советници во врска со буџетот.

1. Зошто пред да го изгласате предлогот за буџетот не можам да го најдам на вашата веб страница за да можам да го прегледам и да коментирам?
2. Објаснете ми го процесот како одлучивте кои проекти за идната година ќе се финансираат?
3. Дали било кој од вас има дојдено во Подмочани, или во било кое место во Општината, да не праша: Луѓе, ние Господата советници го кроиме буџетот за идната година. Дајте ни предлози за проекти што вие сакате да бидат финансирани од Општината идната година.

Прочитајте го Член 8 од Законот за локална самоуправа, кој вели:
Информирање на јавноста
(1) Органите на општината, комисиите на советот и јавните служби основани од општината се должни без надоместок да ги информираат граѓаните за својата работа, како и за плановите и програмите кои се од значење за својата работа, како и и за плановите и програмите кои се од значење за развојот на општината, на начин утврден со статутот. 


4. Ако вашата најглавна должност е да ги претставувате потребите на граѓаните на Општината, би ве замолил да ми објасните накратко како вие ја остварувате оваа должност.

December 23, 2018

Скандал на УИНТ, запишани студенти на неакредитирани факултети!



Скандали го тресат овој универзитет уште од почетокот од 2009/2010.
Сега малце историја. Првичната идеа беше супер. На Никола Груевски му текнало да сме имале универзитет во Македонија по урнек на некој реномиран универзитет во Америка каде предавањата ќе бидат на Англиски. Го контактира тогашниот амбасадор во Вашингтон Зоран Јолевски (првиот од лево на сликата), и му вели, дај најди ми таму некој универзитет да ни предложит таков урнек. Амбасадоров се познавал со Питер Бок (првиот од десно), професор на универзитетот George Washington University, и му вели вака и вака е работава. Овој го контактира ректорот, ректорот му вели, терај и направи му на луќево еден убав предлог за универзитет од прва класа. Професорот Бок организира Меѓународна советодавна група, по месец-два Груевски доаѓа во Вашингтон да си го преземе урнекот-предлогот, овие му прават една мала презентација, си прават една убава слика.

Груевски си го зема предлогот и му го дава на Благоја Самаковски, газда на Микросам од Прилеп. Овај појма немат од високо образование, ама татко е на Веле Самак, тогашен министер за странски инвестиции, и знаете како одат работите со вработувања во Македонија.

За време на Груевизмот битно беше секоја намера на владата да се промовира и рекламира без разлика дали ќе се оствари или не. За овај универзитет се пишуваше дека ќе бил најелитен на балканот, тука ќе студирале студенти од цел свет, ќе предавале најреномирани професори од цел свет, итн, итн. Универзитетот ќе бил изграден кај касарната, ќе се граделе луксузни куќи за професорите и посебна марина на езерото за нивните јахти. 

Ах, да не заборавам. Платите на професорите ќе биле како на тие на елитните универзитети во Европа и Америка. Годишна плата на доцент на обичен, не елитен, универзитет на технолошки факултет во Америка почнува од 100.000 долари па нагоре! Да се вработат само десет такви, ето ти милионче секоја година само за плата за странски професори.

Јас во тоа време во Подмочани. Ми се јавува еден професор пријател од Скопје, Драган Михајлов, пријател на Самаковски, овај ми нудел запослување на универзитетот со почетна месечна плата од 2000 евра. Не е како во Америка, ама си велам, ќе поминам некако. На крај бев избран и за редовен професор на универзитетот. Можеби нема да ми верувате, али јас прифатив само затоа што мислев дека имав капацитет да придонесам нешто за подобрување на високото образование во Македонија. Во првата генерација имаше професори од Англија, Франција, Јужна Африка, Индија, Филипини и јас од САД.

Не поминаа ни два-три месеци и почнаа да се јавуваат проблемите. Да недај Господ некогаш да имате било каква работа со овај Самаковски! Почна вербално да ги малтретира студентите и вработените. Бараше од сите да му го доставиме пасвордод од емајлот за да можел да ги чита нашите пораки, слушнал од некого дека имало вработени што го куделе него и универзитетот. Еднаш неделно професорите се собираа со асистентите да разговараме за проблеми и предлози за подобрување на предавањата. Самаковски разбрал за ова и ни забрани да се среќаваме групно и да дискутираме за било што приватно или јавно во врска со универзитетот. Да не должам за сите други мали и големи проблеми.

На крајот на првата година јас добив договор за следната година со месечна плата од 3000 евра! Јас зарадван, се јавувам на мојот матичен универзитет во Алабама и им барам отсуство од една година. Тие прифатија. Си велам, за една година ќе заработам 36,000 евра, зошто да не останам во Македонија. А ако ми ги продолжат договорите за понатаму, ќе си живеам во некоја луксузна куќа во Охрид со јахта на Охридско езеро. Луѓето дури ми направија една многу убава визит картичка.
На крај на годината решив да се вратам во Америка за еден месец да завршам некои работи и да се видам со децата. Пред да заминам се сретнавме со странските професори и се договоривме да напишиме извештај за како де се подобрат работите на универзитетот. Јас бев задолжен да го напишам извештајот, на англиски. Можите да го прочитате тука. Не помина ни недела време, добивам порака од Самаковски дека договорот со мене е поништен, не им требам таму. Сега што да прави човек. Ништо, си велам, ќе си се вратам на универзитетот во Алабама. Тие ми  велат, човече, ние не можиме да те вратиме, ние веќе вработивме некој друг на твое место за идната година. И така драги мои, јас останав невработен една година, а во Америка куп трошоци.

Потоа разбрав дека не сум бил само јас, него скоро сите други странски професори, освен двајца, добиле одказ од ректорот Самаковски. Еден од Франција за идната година си ја преселил фамилијата во Охрид, сопругата исто како мене добила отсуство од компанија таму. На крај Самаковски и нему му дал отказ. Зошто? Зошто еднаш Самаковски ја пратил секретарката да го повика професорот да дојди кај него на разговор. Секретарката влегува во училницата, а професорот и вели, ќе оди штом ќе му заврши предавањето. Самаковски се налутил, демек, кој си ти да ме одбиеш мене да дојдиш кога ќе те викнам?
 Професорот си се враќа во Франција, и тој и сопругата беза работа како и јас.

Се прашувам, како можел Самаковски да се однесува вака, да донесува вакви одлуки. Си претпоставувам вака. Самаковски му се јавува на Груевски еден ден и му вели вака: Господине Премиере, идеата за ваков универзитет ти беше супер, ама мислам дека ти не размисле убаво за вработување на странски професори од западни универзитети. Овие што ги вработив ич не се послушни. Онај Митревски од Америка ми продава памет како требало да работиме на ист начин како тие на елитните универзитети во Америка. На онај од Франција му велам дојди кај мене, тој ми велит ќе дојдам кога јас ќе сакам, не кога ти ќе ми наредиш. За другите да не ти кажувам, ми прават уште поголеми проблеми. На сите му дадов отказ, ама сега што да правиме? А Груевски му вели, убо си направил. Види, пробај вработи професори од земји каде професорите знат како да се послушни. Ако му речиш “скокни“, тие ќе ти одговорат “колку високо“. Така и бидна.

Потоа на чело на универзитетот доаѓа професорот Давчев. Скандалите стануваат дупло поголеми. И тој никако не можит да се разберит со странските професори. Некому му текнало да ги проверит истражувањата на Давчев за време на неговата кариера, а тој не само да имал препишувано неколку реченици, него цели статии преземени од некој друг и објавени како да се негови. Давчев како и Самаковски го решава проблемот со давње одказ на непослушните професори.

После него на чело на универзитетот доаѓа сегашниот Ректор Нинослав Марина. Пак некому му текнало да испита како бил вработен, ѓомити незаконски. Сенатот на универзитетот го разрешува, Министерот за образование го враќа назад, а овај му дава отказ на тие што го разрешиле. Скандал, после скандал, после скандал, и на крај страдаат студентите.

Прегледајте го списокот на вработени професори на овај универзитетот тука, проверете колку од нив доаѓаат од елитни универзитети од запад, и колку се од некои источни земји. Исто прашајте се дали би запишале ваше дете на овај универзитет, или на некој технички факултет во Скопје.

December 22, 2018

Прашај го градоначалникот на Ресен

Пред некој ден размислував за некој проблем во Преспа, не е битно за што. 
Си велам, дај да му се јавам на градоначалникот да видиме што мислење има тој за проблемот. Да одам кај него лично ќе треба да чекам до четврток кога е неговиот приемен ден, а таму сигурно ќе има редица луѓе со многу побитни проблеми од мојот. Ами дај да видам дали може да му се обратам на веб страната на Општината.
Гледам таму најгоре лево линк за Прашај го градоначалникот. Супер, си велам. Кликнувам, излегува формулар за пополнување со полиња за моето име, маил, предмет и коментар. Одлично! Пополнувам, кликнувам на Испрати порака. И? Добивам одговор Се појави проблем. Ве молиме обитете се повторно. Ви благодариме! (Ова обитете не е моја печатна грешка, така стои во одговорот!) 
Нема проблем, ќе пробам повторно. Пак истиот одговор! Сега што правиме? 
Колку пати треба да пробам за пораката да стигне до градоначалникот? Ништо, си велам, ќе му пратам порака на неговиот личен маил. Кликнувам на линкот за контакти, ево ти го неговиот маил kabinet.gradonacalnik@resen.gov.mk. 
Ја праќам пораката, чекам, ден, два, три, одговор нема! И сега? 
Ваква абсурдност само славниот Франц Кафка би можел да измисли нешто вакво. Ова е исто како да те насочат да се жалиш за нешто кај човек чија врата е секогаш затворена. Ова за мене значи како градоначалникот да ми вели, Благодарам што ме избравте, сега вие седејте си дома и немојте да ме вознемирувате со вашите проблеми. А јас ќе си терам по свое. Ќе се слушниме на следните избори
Она со линкот за Прашај го градоначалникот не функционира повеќе од 4 (четири) години! Знам, бидејќи пробав да му се обратам на претходниот градоначалник од истиот линк без успех. 
Си велам, сигурно на денот на примопредавањето на власта овие двајцава се сретнале на кафе, Гошаревски го прашува Стрезовски, „ Абе, кажи ми како е најдобро да ги откачам луѓето што ќе ме молат да им решавам лични проблеми?“ А овај го советува, „ Многу лесно! Направи го линкот за “Прашај го градоначалникот“ да не функционира, не одговарај на маил пораки, а на приемниот ден во четврток речи и на секретарката ако некој те бара некој да им речи дека си на состанок, на пат, на погреб, или таа самата нека измисли нешто.“ Така и бидна.
Градоначалниците и луѓето во политиката на една држава треба да го сакаат својот народ, секогаш да бидат достапни за нив и да ги бранат нивните интереси. Тие не смеат да ги лажат со нефункционални линкови луѓето кои ги избрале. Во спротивно, местото не им е во државни функции.

За услугата во Општина ресен

Одам во Општина Ресен, ми треба информација каде да земам уплатница за данок на куќа. На капија нема никој. Знам во која установа во зградата треба да ја барам информацијата. Шетам на приземјето, на првиот спрат, на вториот спрат, и никаде не гледам натпис над врата за потребната установа. Редко над некоја врата има натпис на установата. 
Луѓе има насекаде низ ходниците, али како човек да ги препознае вработените од оние другите за да ги прашам за потребната информација. Се прашувам:
1. Дали навистина е толку голем трошок да се напише називот на установата над вратата на канцеларијата на установата?
2. Дали навистина е толку голем трошок некаде на приземјето да има плаката со називите на сите установи сместени ви општинската зграда и бројот на канцеларијата?
Сигурен сум ако им ги поставив овие прашања на некој одговорен во општината одговорот ќе беше, "Абе да почекаше малце ќе се појавеше вработениот на капијата и тој ќе ти кажеше во која канцеларија треба да одиш."

Замислете сега, во општината има вработен, или двајца вработени, чија единствена должност е да му кажуваат на посетителите во која канцеларија се наоѓаат установите сместени во зградата на општината. 
Исто замислете трошокот што го има општината да вработи луѓе чија главна или единствена должност е да ги насочуваат посетителите по канцеларии.

Иселениците биле ТАМАЌАРИ стиснати

Ова е вистински (нешто измислени детали од мене) случај во врска со тоа дека иселениците биле ТАМАЌАРИ стиснати. 
Брат од Прилепско долги години заминат во Австралија. Створил фамилија, куќа од милион долари, куп пари на банка. Му се јавува сестра му од Прилепско село. 
ТАА: Бате, ни се расипа тракторот, нема со што да го работиме тутунот. Ќе те замолам, да ни пратиш толку и толку долари да купиме друг. 
ТОЈ: Нема проблем сестро, утре парите ќе ви бидат на рачун во банка. 
После една година тутунот бериќетен, го продале за убава цена. Братот се јавува кај сестра си. 
ТОЈ: Сестро, тутунот сте го продале, кога мислите да го вратите борчот? 
ТАА: Бате мили, тутонот го продадовме, ама ни денар не ни остана. Те за струја, те дете на факултет, те ова, те она, сега немаме пари како ќе ја поминиме годинава, камоли да ти го вратиме борчот. Бате, ќе те замолам ако сакаш да ни пуштиш уште 1000 долари да ја поминиме некако годинава. Знеш, овде е голема сиромаштија, вие таму сте доста богати, секако не зависите од тие неколку илјади што ни ги пративте. 
ТОЈ: Така е сестро, ама ако сакаш да видиш како овде се заработуват пари, дојди поработај и види. Ќе заработиш доволно за да ни го вратиш долгот, и плус нешто за да си заштедиш за дома. 
ТАА: Арно, ама од каде пари за авионска карта? 
ТОЈ: Јас ќе ти дадам 2000 долари борч за карта, ти ќе ми ги вратиш штом ќе ги заработиш тука. 
ТАА: А таму што ќе работам? 
ТОЈ: јас ќе ти најдам работа во ресторан, пајнци ќе мијаш. 
Така и бидна. После една година жената се вратила дома и на сите им раскажува за тоа каков ТАМАЌАР стиснат бил братот. Прашање: Кој тука е во право?

За услугите во државни установи и приватни фирми

Имам гледано една емисија во Америка каде го прашуват газдата на малечка фамилијарна фирма, како одлучува кого да вработи. Човекот вели, кога ќе аплицира некој за работа, му велам, дојди еден ден во фирмата, сакам да најдиш недостатоци во работата на фирмата и да предложиш начини како да се решат недостатоците. Го вработувам тој што ќе најди најмногу недостатоци и проблеми и што ќе предложи најдобри начини за решавање на истите. 
Од мое лично искуство во Македонија, во многу државни институции и во приватни фирми, ако му кажиш на вработен во институцијата или во приватната фирма што недостасува во нивната работа, тие тоа го сфаќаат како голема навреда. Нарочито ако му речиш дека тој и тој проблем во Америка, или на запад, вака и вака се решава. Демек, кој си ти да ми солиш памет, да ми кажуваш како да си ја вршам работата. 
Мислам дека тука има вина и кај барателите на услуги. Многу ретко во Македонија луѓе се решават да се жалат за лоша услуга. Во Америка, (ево јас пак за Америка), редко кој би посетил ресторан за прв пат, или би барал лекар, мајстор, итн., без прво да го провери нивниот рејтинг на интернет. Рејтингот не е само некоја бројка, него има и стотици коментари од баратели на услуга. 
Значи, со добра услуга институцијата или установата добива добар рејтинг, и со тоа и повеќе муштерии. Кога ќе повикам мајстор во Америка, штом ќе ја заврши работата тој обично ми вели, се надевам дека си задоволен од услугата и дека ќе ми дадеш добар рејтинг. 
Да недолжам, зборот ми е дека институциите и приватните фирми треба секој негативен коментар да го прифатат како поттик за подобрување на услугата. 
Ево неколку примери. Разговарам со матичен лекар во Ресен за недостатоци во нивната работа. Влегувам за преглед, полу гол, во меѓувреме во собата влегува и излегува кој му текнало, разговараат за било што. И вработени, и други пациенти. Влегува една од сестрите, се договараат со докторката за некој си собир во Битола, кој ќе одил, кога да заминеле, итн. 
На докторката и велам, вака не е културно. Кога сум на преглед кај вас барам целото внимание да ми го посочите мене. Да ви кажам како ова функционира во Америка. Таа ми вели, арно ама ова не е Америка. 
Кажете ми сега, што разлика е дали подобриот начин на работата е од Америка, Азија, Африка, или од било каде?
Сум имал и едно позитивно и едно негативно искуство со администрацијата во Ресен. Отидов во матичното во Општината, сакав да разговарам со шефот за некои примедби. Човекот веднаш ме прими, ме сослуша, и на крајот на разговорот ми рече дека секои добронамерни примедби се секогаш добредојдени. Баш како што треба. 
После тоа одам во Суд да платам некој судски паушал. Го прашувам човекот на капија каде треба да платам. Ми вели, оди на шалтер. Влегувам внатре, четири шалтери, друг барател на услуга освен мене нема. На секој шалтер седнат по еден вработен. Сите оние мали прозорчиња што треба да ги отворат кога разговарат со клиенти се затворени. 
Е, сега на кој шалтер да одам? Бидејќи не сум имал потреба да барам услуга во судот, незнам како треба да постапам. Стојам просту стреде во собата и чекам некој од вработените да ми се обрати и да ме праша како можи да ме услужи. Чекам, чекам, никој не ми се обраќа. Си велам, дај да тропнам на едно од тие прозорчињата, ако не треба кај тој вработен, човекот ќе ми кажи каде треба да одам. Така и бидна. Таму бев само неколку минути, али цело време се осеќав како да им пречам во работата, дека тие си имаат куп други работи а со моето присуство јас ги вознемирувам. 
Во врска со овие прозорчињата, тие ги има насекаде. Дали некој може да ми ја објасни нивната функција?

Пристап до информации од јавен карактер

Според БИРН, според индексот на активна транспарентност за 2018 година што го објави Центарот за граѓански комуникации, институциите објавиле само 43,5 отсто од информациите што биле должни да ги објават според Законот за пристап до информации од јавен карактер. 
Во индексот биле вклучени 97 установи на централно и на локално ниво. Под активна транспарентност се подразбира кога некоја установа објавува информации од јавен карактер по самостојна иницијатива, без некој да го побара тоа од неа. Активна транспарентност редко се случува, нарочито кај руралните општини. 
Повеќето податоци што се бараат од институциите се општи и тие треба да бидат достапни и без барање. Барањето за пристап треба да се користи само во специфични случаи. 
Јас имав еден случај во Ресен за барање на информација од јавен карактер. Си го напишав барањето, го занесов во Општина, таму многу љубезно ме примија, ми ветија дека ќе ја добијам информацијата без проблем. Така и бидна. 
Штом излегов од канцеларијата во ходникот по мене дојде еден од вработените и почна да ме обвинува, демек како јас само сум ги малтретирал луѓето во канцеларијата со вакви непотребни барања, заради вакви барања луѓето немале време да си ги вршат нивните обврски. А замислете, нивната обврска е да даваат информации од јавен карактер! 
Размислував да барам во Општината информации за тоа како во Подмочани се градеше река што Вардар не може да ја наполни, и бина преголема дури и за Танец да игра. Ама си велам, да не ги малтретирам луѓето!

За 21-та седница на Советот на Општина Ресен

Ова е од состанокот на советот на Општина Ресен.
Станав сабајле, некако ладно за работа надвор, си велам, дај да одам да слушнам што ќе се дискутира на состанокот. Во Америка каде што живеев и работев долги години беше мало градче како Ресен, имав доста прилики да прусуствувам на состаноци на тамошниот совет. Исто сакав да направам споредба. Состанокот закажан за во 11 часот. Јас таму во 10:50. 
Не знам дали состанокот обично бил отворен за граѓани. Прашувам човек во салата, ми вели дека е отворен, само не можам да поставувам прашања. Јасно. Седнувам и чекам. Почетокот на состанокот касни 45 минути! Претседателот ги чита точките (26). Го прашува членот од комисијата во врска со првата точка да се изјасни. Советничката вели дека заради оправдани причини Комисијата немала време да се состани, затоа бара пауза од пола саат. Претседателот дава пауза. 
И сега? Си велам, ако и други комисии побараат пауза состанокот ќе треба да трае до полноќ. Ништо, сите излегуваат, и јас после нив, колата си одам дома. Ево неколку примедби од ова искуство.
Прво, што е и најважно, не ми е јасно зошто јас бев едини граѓанин присутник на состанокот? Сите се жалате за тоа дека општината, градоначалникот, советниците ич не ги интересира за потребите на жителите на општината, а вие не можите да отделите неколку часа во месецот да видите и слушните што се дискутира на состанокот на советот? 

Ако има 15 состаноци во годината, соберете друштво од 15 и договорете се барем еден од вас да присуствува на секоја седницата и да напиши краток извештај. По инерција секоја државна администрација низ цел свет се стреми колку што може помалце да работи и да има што помал контакт со народот. А зошто да им дозволиме да биде така? Ако нив многу малце ги интересираат нашите проблеми, со нашето отсуство ние само ги поткрепуваме во нивното понашање. 
Се сеќавам во моето мало градче (Auburn, Alabama), понекогаш ќе немаше место каде да седнат сите посетители на состанокот. Друга битна разлика е тоа што во моето градче секогаш последната точка беше прашања од граѓаните. А во Ресен тоа го нема. Не знам дали за ова има нешто во Законот за локална самоуправа, или тоа се регулира на локално ниво. Ако е второто, тогаш зошто да не бараме и во Ресен да има точка каде граѓанин може да се изјасни пред цел совет и пред други граѓани?
Друго, првите 25 точки на сосатанокот беа Предлози (за ова или за она). Јас како граѓанин немам пристап до овие предлози пред почетокот на состанокот, да ги прочитам и да му дадам мое мислење на советник или на група советници. А како советниците ќе одлучуваат за некои предлози без да го знаат мислењето на граѓаните? 

Сигурно повеќето од вас имате деца во школо во Ресен. Нели би ве интересирала точката 16. Предлог - Програма за активностите на Општина Ресен од областа на образованието во 2019 година? Дали знаете, и дали не би сакале да знаете што има во таа програма? Како советниците одлучиле што ќе има во таа програма без да го знаат вашето мислење? Зар толку ќе им биде тешко во Општината да ги објават сите овие програми на нивната веб страница за да можиме сите да ги прочитаме и да им дадеме наши мислења? Мене лично ме интересираа три точки.
7. Предлог – Програма за чистење на речните корита на подрачјето на Оштина Ресен за 2019 година. Сакав да дознам дали реката во Подмочани е вклучена во оваа програма.
17. Предлог - Програма за активностите на Општина Ресен од областа на промоција и комуникација со јавноста и меѓународна соработка за 2019 година. Сакав да знам, кога реално ќе проработи веб страната на општината за јас да имам пристап до сите документи од јавен карактер, и да можам да комуницирам со администрацијата преку веб страната. Во врска со меѓународна соработка, имам куп предлози за соработка со иселениците.
18. Предлог – Програма за еднакви можности на жените и мажите за 2019 година. Од памтивек во Подмочани не е имало жена член во селската месна заедница. Сигурно е исто и во сите, или повеќето села во општината. Ова прашање го поставив за време на последните избори за месната заедница. Одговорот беше дека на никоја жена не и е забрането да биде член во месната заедница. А никој не се прашал зошто жените не сакаат да се кандидираат во селските месни заедници и зошто никогаш не присуствуваат на состаноци на месната заедница? Зар тие немаат потреби и проблеми што треба да ги решава месната заедница?

За веб страницата на Општина Ресен

Комуникација со жителите на општината е најбитна за успешна работа на секоја општина. Само со редовна комуникација со граѓаните градоначалникот и советниците можат да добијат вистинска слика за нивните потреби. Како што напишав во претходен пост, администрацијата по инстинкт секогаш се стреми кон се помалце работа и помалце контакт со граѓаните. Наша должност е ние тоа да не му го дозволуваме , бидејќи ние сме ги платиле да ја вршат нивната должност. Ако не сакаат да ги слушнат нашите проблеми лично со директна комуникација или електронски преку нивната веб страница, тогаш ако треба може да се оди и со звучник пред нивната зграда. Мислам за последново нема потреба. Што се однесува до нивната страница, тие се задолжени да објавуваат многу повеќе документи и информации од она што таму постои сега.
1. Линкот Е-Општина > Пријави проблем, има неколку полиња за пополнување, Предмет, Коментар. Не знам дали ова функционира, или е исто како Прашај го градоначалникот. Можеби некој од вас има искуство. Тука не е наведено каков проблем може да се пријави.
2. На страницата Е-Општина > Слободен пристап на информации од јавен карактер се наведени околу 20-тина информации со кои располага општина Ресен, а кои се утврдени како информации од јавен карактер достапни до барателите. http://resen.gov.mk/Default.aspx?vLCID=260.
Сега нека ми објасни некој зошто јас за да ги добијам овие информации треба да поднесам барање, да чекам еден месец, да платам за фотокопирање и да ги малтретирам вработените да ми ги набават овие информации, кога е многу поефикасно овие информации да бидат објавени на веб старницата на општината за да може секој да има пристап до нив во секое време? Зошто сите информации наведени на таа веб страница да не бидат достапни до барателите во секое време? 

Зошто, на пример треба да се достави барање за “4. -Одлуки, решенија, програми, заклучоци и други акти поврзани со работата на органите на општина Ресен од областа на јавните дејности ( образование и култура, спорт, социјална и детска заштита заштита и спасување)“? Зошто ове информации да не бидат достапни на нивната веб страница?
2. На страницата Општи акти > Програми наведени се три програми, една за 2013-2015 година и две за 2013-2014 година. Во Програмата за селски водоводи 2013 - 2014 година стои “Подмочани -изградба на нов резервоар - 2.200.000,00“. Во Подмочани таков резервоар до денес не е изграден. Која е поентата да ги има овие програми на веб страницата од пред четири години? Ова се програми од минато време, некои остварени, некои неостварени. Овие на веб страницата се непотреби информации, освен да се види што било ветено и сотварено, или неостварено. А зошто нема наведено програми за денешно време, да речиме 2018-2020 година? Нели сегашната власт треба да има програми.
3. Одиме понатаму. Општи акти > Ревизорски извештаиhttp://resen.gov.mk/Default.aspx?vLCID=291. Таму има Ревизорски извештај само за 2015 година. А камо за 2016, 2017?
4. Општи акти > Извештаиhttp://resen.gov.mk/Default.aspx?vLCID=270. Тука има само еден извештај за 2015 година. А камо за 2016, 2017?
5. На линкот Совет > Комисии се наведени сите комисии. http://resen.gov.mk/Default.aspx?LCID=250. Јас, на пример, можеби би сакал да ја контактирам Комисијата за доделување општински признанија и награди бидејки сакам да ми се додели некоја убава награда да закачам на ѕид. Кого да контактирам? Тука се наведени само називите на комисите, нема имиња на членови. Значи, оваа веб страница е сосема безвредна.
6. Ги читам имињата на советниците, ни еден не ми е познат. Од памтивек во Подмочани нема дојдено советник да поразговара со селаните, и затоа се прашувам, како тие функционират без да имаат реална слика за потребите на жителите на селото. Јас лично би сакал кои се овие луѓе, каде работаат, какви идеи имаат за подобрување на животот на преспанци.

Ситуацијата не е баш многу различна во месните заедници по селата. За време на последните избори за членови на месната заедница поставив едно прашање до присутните. Нека крени рака тој што ги знае имињата на сите членови на месната заедница во Подмочани? Никој не крена рака, освен некој од членовите на претходната месна заедница

За волонтерството

Ќе ве замолам да ми дозволите да поразговараме малце за концептот волонтерство. 
Прво, се извинувам што не го знам македонскиот збор за овој термин. Моето школување во Македонија беше само до 8-мо одделение во Подмочани. Второ, за жал ќе морам да наведувам примери од моето искуство во Америка. Два случаи ме поттикнаа да пишувам за ова. Прво, читам во оваа група за ситуацијата со две деца во Асамати што го загубија родителот. Второ, читам во Америка вчера починал претседателот Џорџ Буш постариот на 94-годишна возраст. Подолу ќе ви објаснам која е поврзаноста помеѓу овие два случаи. Џорџ Буш постариот изгуби во претседалските избори за втор мандат наспроти Бил Клинтон само заради тоа што вети дека нема да ги зголеми даноците, а ги зголеми бидејки немал друг узбор за да ја зачува економската раст на државата. Овај Џорџ Буш постариот и претседателот Џими Картер беа најнепопуларните претседатели во Америка од после Втората Светска Војана, а останаа НАЈпопуларни бивши претседатели после завршетотокот на нивното претседателство. Зошто? Затоа што го посочиле сиот свој живот кон волонтерство. 
Денес гледав нa CNN видео како Џорџ Буш постариот со неговата покојна супруга стојат пред продавница и собираат пари донации за сиромаси за организацијата Salvation Army. Претседателот Џими Картер неколку децении со неговата сопруга е волонтер во организацијат Habitat for Humanity, која гради скромни живеалишта за сиромашни семејства низ цел свет, и во Македонија. Ова е нивната веб страница во Македонија http://www.habitat.org.mk/. Со оваа организација во Америка сум многу добро запознат. Нивното мото е "A world where everyone has a decent place to live. Свет каде што секој има подобно место за живеење". 
Три пати на универзитетот каде бев запослен, во летните месеци организирав семинар/воркшоп за средношколци од регионот спонзориран од Rotary Club International (Овај клуб сега веќе го има и тука во Скопје https://www.facebook.com/RotaryClubSkopjeCentar/). Организиравме неколку презентации од Habitat for Humanity за да ги поттикниме младите да размислуваат за волонтерство. Во нашето градче истата оваа организација сеуште има пункт, а студенти од универзитетот редовно се пријавуваа за волонтерство во изградба на куќички, или поправање на застарени куќи. 
Почитувани граѓани на Преспа. Свесен сум дека ние како индивидуалци многу малце имаме влијание во работата на Парламентот во Скопје, во работата на Европскиот парламент и во Нато. Али ние сме доволно мало место за некои работи да можиме да ги решаваме сами. Ги гледам и Подмочанци и Ресенчани скоро секој ден, и никој не може да ме убеди дека тие просто немаат време да посветат неколку саати во месецот за волонтерство, нарочито оние помладите. 
Претседателот Џими Картер е 94 години стар, неговата сопруга е 91 година. Уште ги гледам како волонтираат. Ако тие можат, зошто не би можеле помладите низ Преспа? Деновиве читам има апел за помош за двајца млади деца без родители од Асамати. Се бара помош од Општината и од Црвен крст. Тоа е во ред. На интернет има слики од нивниот руиниран дом. Се прашувам, зошто би било толку голем проблем да се организира мала или поголема група од Преспанци, да се соберат и да им ги отстранат проблемите во куќата. За тоа треба само работна рака од волонтери и градежни материјали. За градежните материјали ќе се бараат донации од претпријатијата низ Ресен. Мислам дека ни Васил, ни фамилијата на покојниот Никола, ни Небија ќе се осиромашат ако секој донира по нешто. За возврат ќе добијат реклама, ГОЛЕМА благодарница и гаранција дека сите ние ќе пазариме кај нив.
Еднаш годишно дипломатскиот кор во Скопје организира чистење на кејот на Вардар. Нели тоа е страм за државата, странците да ни го чистат ѓубрето? Ајде ние во Преспа да организираме нешто слично во летните месеци со емигрантскиот кор во Преспа?

Неколку години сум бил член на изборна комисија во Америка за стипендисти преку програматa Fulbright за амерички студенти во странство. Едно од прашањата е какви волонтерски проекти кандидатот планира да организира додека е во странство. Пред неколку недели се запознав со младиот од Peace Corps во Ресен. Имав прилика да разговарам со него само неколку минути. Детето ми вели дека во Америка имал некој свој мал бизнес и го продал пред да дојди тука. Замислете сега, детето продал бизнес во Америка за да дојди да работи во Македонија како волонтер!
Со овој пост само скам да ги поттикнам постарите да ги поттикнуваат помладите кон волонтерство, и да го гледаат на волонтерството како како блаородна дејност и лично задоволство. Пред неколку недели имав преголемо задоволство да се запознам со фамилијата во Царев Двор од фирмата Spirit of Prespa. Ми раскажуваа како имале група ученици од школото НОВА од Скопје, децата дошле во Царев Двор да соберат јаболка за да ги донираат на сиромаси фамилии во Скопје. Овие од Царев Двор им подариле 300 кила јаболка. Сигурен сум дека не се осиромашиле. Ова е пример на вистинско волонтерство. 

Е, сега вие преспанци што не ќе можите да ги продадите јаболката имате избор: или ќе одат во Голема Река, или кај некои сиромаси. Додека Преспа ќе тони во скапани јаболка, низ Македонија има семејства каде што јаболкото е измислена именка. За време на овие Божиќни постови би сакал да кажам, да им помогниме со нашето волонтерство на тие што не можат да си помогнат себе си.

Ослободете ги тротоарите за пешаци

ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15 и 226/15) пречистен текст

Член 66
(1) Возачот, односно сопственикот на возилото не смее да запре или паркира Возило - на тротоар, односно пешачка патека, ако тоа не е изречно регулирано со сообраќаен знак. Ако е дозволено паркирање, односно запирање,
задолжително треба да се остави најмалку 1,6 метри ширина на површината за движење на пешаци, со тоа што таа површина не може да биде покрај работ на коловозот.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 180 евра во денарска противвредност, во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 40 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот, односно сопственикот на возилото кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) алинеи 1, 2, 3, 4, 5, 6, 17, 19 и 20 на овој член.

Член 113
(1) На јавен пат што има тротоар или друга површина определена за движење на пешаци, односно површина покрај коловозот погодна за движење на пешаци, пешакот е должен да се движи по тие површини.

(4) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 30 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на пешакот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1), (2) и (3) на овој член.

Член 124
(1) Возачот кој со возило преминува преку површина наменета за движење на пешаци (движење преку тротоар, излегување од гаража, двор или друга површина која не е наменета за јавен сообраќај), не смее притоа да го
загрозува или попречува движењето на пешаците.

Член 347
(1) Објектите наменети за сообраќај (патишта, улици, пасажи, тротоари, велосипедски патеки, паркиралишта, гаражи и друго), не можат да се пренаменат и користат за други потреби.

(4) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на лице кое постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Тука во законот има една голема абсурдност. Пешаците според „Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ се должни да се движат на тротоар и можат да бидат казнети ако се движат на коловоз. 

Паркирањето на автомобил на тротоар е незаконско и се загрозува безбедноста на пешаците, пред сe на ранливите групи ученици, лица со посебни потреби, мајки со деца во колички, велосипедисти и постари граѓани. 
Кога ќе ги повикаме надлежните во МВР и општинските власти да излезат од канцелариите и да се справат со проблемот. Кажете ми, која е логиката возилата да имаат предност на тротоарите пред пешаците? Ги сожалувам возачите бидејќи навистана не се тие виновни, нема друго место каде да се паркира. Ама за тоа треба да се жалат во општината за да им обезбеди подобно место за паркирање. 
Замислете доаѓа зима со снег и мраз. Тогаш каде пешаците? Ова е исто како јас да паркирам пред влезот на вашиот дом бидејќи немам каде друго, и ви велам ако треба да излезите од дома ќе морате да скокате преку ограда. Нека никој не ве лаже дека ова е нерешив проблем. Еднаш во Битола паркирав на тротоар и си добив една убава дебела казна. Ако милицијата решила да се соочи со тие (како мене) што понекогаш возат брзо со дебели казни, зошто пак не можат да се соочат со тие што паркираат на тротоари? Само треба некој да им нареди, а во овај случај тој човек е градоначалникот. 
На почеток овај проблем може да се реши само со еден краток телефонски разговор. Например, да се нареди да се забрани паркирање на барем една страна за да има слободен простор за пешаците. Неколку дена, да речиме една недела, ова може да биде само со предупредување. Нека се залепи некоја обична плаката на секоја бандера дека паркирањето на тоа место е забрането и казниво. 
Барем во строгиот центар на градот треба да има еден тротоар на секоја улица слободен за пешаци. Друга голема абсурдност тука е што ги обвинуваме возачите за несвесно паркирање, а не ги обвинуваме и ги молиме тие (милицијата и градоначалникот) што треба да ги спроведуваат законските одредби.

Ослободете ги тротоарите за пешаци!

Закон за употреба на македонскиот јазик

Идејата за заштита на македонскиот јазик со закон од негова неправилна употреба е глупава и главно неостварлива. Идејата дека државата ќе ко...