Ќе ви објаснам. Бојана е ќерка на професорката Смилка Здравковска. Смилка неколку пати била победник на градските и републичките натпревари по математика. Во 1964 година била во југословенскиот тим на Шестата меѓународната олимпијада по математика во Москва. Дипломирала на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ во 1969 година, а докторирала на Манчестерскиот универзитет во Англија. Во септември 1979 г. заминала во САД. Истата оваа Смилка Здравковска е ќерка на Петар Здравковски - Пенко. А овој Петар Здравковски - Пенко пред Втората светска војна ги учел вашите татковци (на вас постарите) и дедовци во старото училиште во Подмочани. Не само тоа, него исто им ја основал првата во Преспа задружна продавница во Подмочани, го основал првиот фудбалски клуб во Подмочани, и ги учел и им помагал на селаните за калапење тутун. Бил генерален конзул во Марсеј, во Франција. Бил Претседател на Советот за просвета на НРМ и Претседател на Универзитетскиот совет. Смртта го затече на функцијата амбасадор на владата на СФРЈ во Либан. Кога починал Пенко, Тито пратил венец за неговиот погребот. Во една порака Зоран Здравковски, пензиониран професор од Скопје и син на Пенко ми пиша „особено ме израдува дека сте се сетиле на нашиот покоен татко кој таму ја започнал просветителската кариера.“
August 25, 2026
Насте Димовски од с. Подмочани
Еден настан од животот на Подмочанецот Трајко Китанчев
Од март 1881 до септември 1882 Трајко учителствувал во Петропавловската духовна семинарија во Велико Трново. Таму предавал логика, психологија, педагогика, историја на уметноста и философија. Штом се вработил тој ги обавестил родителите Цветко и Цвета во Ресен и го поканил татка си да го посети. Од Ресен до Петропавловската семинарија требало да има 10-12 дена пат пешки, али тоа не го запрело таткото, кој постојано патувал долги релации Ресен - Цариград за прехрана на своето семејство. Кога се приближил до семинаријата, Цветко облечен во обична селска облека, си ја истресил прашината од облеката и се приближил до местото каде стоиле учениците. Некој од нив го прашал кој е и што му треба таму. Старецот се збунил и тешко му било да одговори. Не можел да поверува дека неговиот Трајчо, кој како десетгодишно дете во Цариград продаваше зарзават со кош на рамо, сега има големо место во семинаријата. Цветко не можел да си поверува дека неговиот Трајчо може да биде учител и да учи други наука. На учениците им рекол дека го бара момчето Трајчета. Некои од учениците не можеле да разберат за кој Трајчо се работи, и го прашале кој е тој Трајчо и што му е тој на Трајчо. За да не го понижува сина си, на учениците им рекол дека тој е слуга на Трајчо. После една минута го видел сина си, и неговата радост немала крај. Со очи полни со солзи, тој од радост и од плачење не можел да му одговори на сите прашања на сина си за состојбите на домашните. Цветко го прашал, каква му е платата, Трајко му објаснил. - Ех, палај се во Бугарија, извикнал таткото, кога се зачудил од големата плата на син му. Месечната плата на Трајко била иста како годишната заработувачка на таткото. Сега да напоменам дека Подмочани од секогаш било село на „даскали“: 1. Ѓорѓи Ивановски (од семејството Белевци), учител во Подмочани пред Втората светска војна и член на Првото и Второто заседание на АСНОМ. 2. Науме Ристевски - син на попот Спиро Ристевски од Подмочани беше учител во село Лева Река од 1933г. 3. Владе Шарковски - Директор на основното училиште Јан Амос Коменски во Скопје. 4. Данче Стојановски (Кромичевски) - учител во Подмочани. 5. Наум Пеликудовски - професор во гиманзијата во Крушево. 6. Јагода Митревска, мажена во Подмочани, професор на Меѓународниот Славјански Универзитет, и 7. јас, Гоце Митревски, професор на три универзитети во САД. Се надевам дека младата генерација од Подмочани ќе ја продолжи традицијата.
December 18, 2025
Една вистинска случка од животот на Подмочанецот Трајко Китанчев
Ова е една вистинска случка од животот на мојот омилен поет, Подмочанецот Трајко Китанчев.
За македонскиот менталитет
Еве една доста реална слика за македонскиот менталитет. Ние што сме живееле во странство подолги години велиме, зошто, земи го истиот човек...
-
Сега веќе ја добивме крајната цена за реконструкција на ова училиште во Љубојно, цели 32.8 милиони денари! Не сакам да бидам сфатен погрешно...
-
Последните неколку дена во македонските медиуми се шират информации за тоа како „Ракописи стари 500 години од Институтот за македонски јази...
-
Првиот пат кога се сретнав со масовно препишување на некој македонски универзитет беше на курс по техничко пишување што го предавав. Некаде ...