Пред некој ден размислував за некој проблем во Преспа, не е битно за што.
Си велам, дај да му се јавам на градоначалникот да видиме што мислење има тој за проблемот. Да одам кај него лично ќе треба да чекам до четврток кога е неговиот приемен ден, а таму сигурно ќе има редица луѓе со многу побитни проблеми од мојот. Ами дај да видам дали може да му се обратам на веб страната на Општината.
Гледам таму најгоре лево линк за Прашај го градоначалникот. Супер, си велам. Кликнувам, излегува формулар за пополнување со полиња за моето име, маил, предмет и коментар. Одлично! Пополнувам, кликнувам на Испрати порака. И? Добивам одговор Се појави проблем. Ве молиме обитете се повторно. Ви благодариме! (Ова обитете не е моја печатна грешка, така стои во одговорот!)
Нема проблем, ќе пробам повторно. Пак истиот одговор! Сега што правиме?
Колку пати треба да пробам за пораката да стигне до градоначалникот? Ништо, си велам, ќе му пратам порака на неговиот личен маил. Кликнувам на линкот за контакти, ево ти го неговиот маил kabinet.gradonacalnik@resen.gov.mk.
Ја праќам пораката, чекам, ден, два, три, одговор нема! И сега?
Ваква абсурдност само славниот Франц Кафка би можел да измисли нешто вакво. Ова е исто како да те насочат да се жалиш за нешто кај човек чија врата е секогаш затворена. Ова за мене значи како градоначалникот да ми вели, Благодарам што ме избравте, сега вие седејте си дома и немојте да ме вознемирувате со вашите проблеми. А јас ќе си терам по свое. Ќе се слушниме на следните избори.
Она со линкот за Прашај го градоначалникот не функционира повеќе од 4 (четири) години! Знам, бидејќи пробав да му се обратам на претходниот градоначалник од истиот линк без успех.
Си велам, сигурно на денот на примопредавањето на власта овие двајцава се сретнале на кафе, Гошаревски го прашува Стрезовски, „ Абе, кажи ми како е најдобро да ги откачам луѓето што ќе ме молат да им решавам лични проблеми?“ А овај го советува, „ Многу лесно! Направи го линкот за “Прашај го градоначалникот“ да не функционира, не одговарај на маил пораки, а на приемниот ден во четврток речи и на секретарката ако некој те бара некој да им речи дека си на состанок, на пат, на погреб, или таа самата нека измисли нешто.“ Така и бидна.
Градоначалниците и луѓето во политиката на една држава треба да го сакаат својот народ, секогаш да бидат достапни за нив и да ги бранат нивните интереси. Тие не смеат да ги лажат со нефункционални линкови луѓето кои ги избрале. Во спротивно, местото не им е во државни функции.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Закон за употреба на македонскиот јазик
Идејата за заштита на македонскиот јазик со закон од негова неправилна употреба е глупава и главно неостварлива. Идејата дека државата ќе ко...
-
Идејата за заштита на македонскиот јазик со закон од негова неправилна употреба е глупава и главно неостварлива. Идејата дека државата ќе ко...
-
Сега веќе ја добивме крајната цена за реконструкција на ова училиште во Љубојно, цели 32.8 милиони денари! Не сакам да бидам сфатен погрешно...
-
Последните неколку дена во македонските медиуми се шират информации за тоа како „Ракописи стари 500 години од Институтот за македонски јази...
No comments:
Post a Comment