1. Линкот Е-Општина > Пријави проблем, има неколку полиња за пополнување, Предмет, Коментар. Не знам дали ова функционира, или е исто како Прашај го градоначалникот. Можеби некој од вас има искуство. Тука не е наведено каков проблем може да се пријави.
2. На страницата Е-Општина > Слободен пристап на информации од јавен карактер се наведени околу 20-тина информации со кои располага општина Ресен, а кои се утврдени како информации од јавен карактер достапни до барателите. http://resen.gov.mk/
Сега нека ми објасни некој зошто јас за да ги добијам овие информации треба да поднесам барање, да чекам еден месец, да платам за фотокопирање и да ги малтретирам вработените да ми ги набават овие информации, кога е многу поефикасно овие информации да бидат објавени на веб старницата на општината за да може секој да има пристап до нив во секое време? Зошто сите информации наведени на таа веб страница да не бидат достапни до барателите во секое време?
Зошто, на пример треба да се достави барање за “4. -Одлуки, решенија, програми, заклучоци и други акти поврзани со работата на органите на општина Ресен од областа на јавните дејности ( образование и култура, спорт, социјална и детска заштита заштита и спасување)“? Зошто ове информации да не бидат достапни на нивната веб страница?
2. На страницата Општи акти > Програми наведени се три програми, една за 2013-2015 година и две за 2013-2014 година. Во Програмата за селски водоводи 2013 - 2014 година стои “Подмочани -изградба на нов резервоар - 2.200.000,00“. Во Подмочани таков резервоар до денес не е изграден. Која е поентата да ги има овие програми на веб страницата од пред четири години? Ова се програми од минато време, некои остварени, некои неостварени. Овие на веб страницата се непотреби информации, освен да се види што било ветено и сотварено, или неостварено. А зошто нема наведено програми за денешно време, да речиме 2018-2020 година? Нели сегашната власт треба да има програми.
3. Одиме понатаму. Општи акти > Ревизорски извештаи. http://resen.gov.mk/
4. Општи акти > Извештаи. http://resen.gov.mk/
5. На линкот Совет > Комисии се наведени сите комисии. http://resen.gov.mk/
6. Ги читам имињата на советниците, ни еден не ми е познат. Од памтивек во Подмочани нема дојдено советник да поразговара со селаните, и затоа се прашувам, како тие функционират без да имаат реална слика за потребите на жителите на селото. Јас лично би сакал кои се овие луѓе, каде работаат, какви идеи имаат за подобрување на животот на преспанци.
Ситуацијата не е баш многу различна во месните заедници по селата. За време на последните избори за членови на месната заедница поставив едно прашање до присутните. Нека крени рака тој што ги знае имињата на сите членови на месната заедница во Подмочани? Никој не крена рака, освен некој од членовите на претходната месна заедница
No comments:
Post a Comment