December 27, 2018

Буџетот на Општина Ресен за 2019 година

Во медиумите читам дека Советот на Општина Ресен едногласно го изгласа Буџетот на Општината за следната 2019 година. 

Ево неколку прашања до Господата советници во врска со буџетот.

1. Зошто пред да го изгласате предлогот за буџетот не можам да го најдам на вашата веб страница за да можам да го прегледам и да коментирам?
2. Објаснете ми го процесот како одлучивте кои проекти за идната година ќе се финансираат?
3. Дали било кој од вас има дојдено во Подмочани, или во било кое место во Општината, да не праша: Луѓе, ние Господата советници го кроиме буџетот за идната година. Дајте ни предлози за проекти што вие сакате да бидат финансирани од Општината идната година.

Прочитајте го Член 8 од Законот за локална самоуправа, кој вели:
Информирање на јавноста
(1) Органите на општината, комисиите на советот и јавните служби основани од општината се должни без надоместок да ги информираат граѓаните за својата работа, како и за плановите и програмите кои се од значење за својата работа, како и и за плановите и програмите кои се од значење за развојот на општината, на начин утврден со статутот. 


4. Ако вашата најглавна должност е да ги претставувате потребите на граѓаните на Општината, би ве замолил да ми објасните накратко како вие ја остварувате оваа должност.

No comments:

Post a Comment

Закон за употреба на македонскиот јазик

Идејата за заштита на македонскиот јазик со закон од негова неправилна употреба е глупава и главно неостварлива. Идејата дека државата ќе ко...