August 12, 2021

Немам соговорници

Доктори велат, кога ќе почниш да го губиш паметот еден добар лек било да се социјализираш, да се дружиш со луѓе, и најглавно да разговараш. Си велам, дај и јас да почнам така пред да ми отиде паметот. Али не сум знаел дека тоа ти било толку тешко во ова време. Ево неколку примери.

Се сретнувам со Спире (сите имиња се измислени) на кафе. Штом Спире ќе ја отвори устата, запирање нема. Спире е од оние што знаат се, и во животот поминал работи што никој друг не ги поминал. Кога ќе земи голтка од кафето, си велиш дај и јас да вметнам барем една реченица. Ама џабе! Ќе те преќини и ќе ти речи, чекај уште ова да ти го докажам. И така поминал цел саат. И ти кутриот немаш друг избор освен да му се извиниш, извини јас треба да го земам внукот од градинка, и да си заминиш. Сигурно и вие сте имале слично искуство.

Идната недела се сретнувам со Гога, школски другар. Гога ужива да разговара за политика. Али секој трет збор му е некоја убава пцовка, да се изнаслушаш. За него политиката е само за пцуење. Нема што да се разговара.

Идната недела се сретнувам со Јордан, долгогодишен комшија. На Јордана му го купиле првиот смартфон само пред 6 месеци, и сега човекот не можит никако да се откачит од фејсбук, јутуб и гледање на голи женски. Штом седниш на маса, веднаш ќе ти го вперит мобилниот пред очи и со сила те тера да гледаш во него: еј.., види што прочитав интересно на ФБ, види го клипов на Јутуб колку интересно човекот кажува, видија ова женскава, пријателка ми е на Фејсбук од Неготино. Не сака ни збор да чуе од тебе. Штом ќе заврши со неговата презентација, ќе ти се извини и ќе си замине.

Ти седиш на маса и чекаш да не наврати некој друг пријател. За среќа ете го Миле. Миле се смета за многу интелигентна личност. Вели, тој не верува во ништо ако не е докажано од многу познати, паметни луѓе. Демек, нешто кажано од многу позната паметна личност не може да биде лага. Си велам, ево на крај ќе поразговарам се некој паметен. Проблемот на Миле е тоа што тој уште од давно науката и критичкото размислување ги фрлил на буниште. Ќе те убедува дека моментално на земјава има дојдено едно чудо вонземјани и тие прават секакви бељи. Или дека некој доктор во Јапонија лечел од рак со сода бикарбона. Или дека некој француски нобеловец рекол дека сите вакцинирани против КОВИД-19 ќе умрат за две години и нивните тела мора да бидат изгорени. Тој е убеден во сето ова само бидејќи било кажано од многу позната и паметна личност. Ај сега да те видам со здрав разум разговарај со Милета?

Значи, по се изгледа јас полека, полека ќе си го изгубам паметот само немајќи со кого да разговарам.

June 20, 2019

Хумус/hummus од наут

1. Една поголема чаша како за млеко или чај наут
2. Лук по вкус. Јас ставам пола глајца сецкан.
3. Една мала чаша ко за кафе маслиново масло, може и повеќе
4. Две лажици свеж сок од лимон. Може и повеќе по вкус
5. Две лажици Таан.
6. Една мала лажица Ким
7. Сол по вкус
8. Една мала лажица црвена пипер

1. Наутот се става во тенџере во поголемо количество вода мешано со една лажица сода бикарбона да кисни преку ноќ.
2. Идниот ден наутот се цеди од водата и се вари во поголемо количество вода со уште една лажица сода бикарбона. Се вари се додека не омекни, најмалце пола сат, али ќе треба да се провери од време на време.
3. Штом ќе се свари, наутот набабрува во поголема количина. Тој се цеди и се мие со ладна вода.
4. Во блендер се блендираат сите состојќи освен наутот.
5. Потоа во блендерот се става наутот и се блендира со другите состојќи. Смесата ќе биде многу густа. Затоа се додава по малце вода се додека смесата не ја добие посаканата густина. Колку подолго се блендира, толку помек станува.
6. Сега може да се провери вкусот ако треба може да се додади сол, црвена пипер, сок од лимун.

May 20, 2019

Десет заповеди за учителот. Бертранд Рaсселл

Десет заповеди за учителот. Бертранд Рaсселл.
1. Не се чувствувај апсолутно сигурен за ништо.
2. Не мисли дека вреди да се продолжи со прикривање на докази, бидејќи доказите сигурно ќе излезат на виделина.
3. Никогаш не се обидувај да го обесхрабриш размислувањето, бидејќи биди сигурен дека ќе успееш.
4. Кога ќе се сретнеш со опозиција, дури и ако тоа е од твојот сопруг или од твоите деца, настојувај да ја надминеш со аргументи, а не со авторитет, зашто победата зависна од авторитет е нереална и илузорна.
5. Не го почитувај авторитетот на другите, зашто секогаш постојат спротивставени авторитети.
6. Не користи моќ да ги потиснуваш мислењата што мислиш дека се штетни, бидејќи тогаш тие мислења ќе те спречат.
7. Не плаши се да бидеш ексцентричен во мислењето, зашто секое прифатено мислење некогаш беше ексцентрично.
8. Најди повеќе задоволство во интелигентното несогласување отколку во пасивен договор, зашто, ако ја вреднуваш интелигенцијата онака како што треба, првото подразбира подлабок договор од второто.
9. Биди искрено вистинит, дури и ако вистината е неповолна, бидејќи е понеповолна кога се обидуваш да ја скриеш.
10. Не се чувствувај завистен на среќата на оние што живеат во „рајот на будалиот“, зашто само будала ќе помисли дека тоа е среќа.

За македонскиот менталитет

Еве една доста реална слика за македонскиот менталитет. Ние што сме живееле во странство подолги години велиме, зошто, земи го истиот човек...