December 23, 2018

Скандал на УИНТ, запишани студенти на неакредитирани факултети!



Скандали го тресат овој универзитет уште од почетокот од 2009/2010.
Сега малце историја. Првичната идеа беше супер. На Никола Груевски му текнало да сме имале универзитет во Македонија по урнек на некој реномиран универзитет во Америка каде предавањата ќе бидат на Англиски. Го контактира тогашниот амбасадор во Вашингтон Зоран Јолевски (првиот од лево на сликата), и му вели, дај најди ми таму некој универзитет да ни предложит таков урнек. Амбасадоров се познавал со Питер Бок (првиот од десно), професор на универзитетот George Washington University, и му вели вака и вака е работава. Овој го контактира ректорот, ректорот му вели, терај и направи му на луќево еден убав предлог за универзитет од прва класа. Професорот Бок организира Меѓународна советодавна група, по месец-два Груевски доаѓа во Вашингтон да си го преземе урнекот-предлогот, овие му прават една мала презентација, си прават една убава слика.

Груевски си го зема предлогот и му го дава на Благоја Самаковски, газда на Микросам од Прилеп. Овај појма немат од високо образование, ама татко е на Веле Самак, тогашен министер за странски инвестиции, и знаете како одат работите со вработувања во Македонија.

За време на Груевизмот битно беше секоја намера на владата да се промовира и рекламира без разлика дали ќе се оствари или не. За овај универзитет се пишуваше дека ќе бил најелитен на балканот, тука ќе студирале студенти од цел свет, ќе предавале најреномирани професори од цел свет, итн, итн. Универзитетот ќе бил изграден кај касарната, ќе се граделе луксузни куќи за професорите и посебна марина на езерото за нивните јахти. 

Ах, да не заборавам. Платите на професорите ќе биле како на тие на елитните универзитети во Европа и Америка. Годишна плата на доцент на обичен, не елитен, универзитет на технолошки факултет во Америка почнува од 100.000 долари па нагоре! Да се вработат само десет такви, ето ти милионче секоја година само за плата за странски професори.

Јас во тоа време во Подмочани. Ми се јавува еден професор пријател од Скопје, Драган Михајлов, пријател на Самаковски, овај ми нудел запослување на универзитетот со почетна месечна плата од 2000 евра. Не е како во Америка, ама си велам, ќе поминам некако. На крај бев избран и за редовен професор на универзитетот. Можеби нема да ми верувате, али јас прифатив само затоа што мислев дека имав капацитет да придонесам нешто за подобрување на високото образование во Македонија. Во првата генерација имаше професори од Англија, Франција, Јужна Африка, Индија, Филипини и јас од САД.

Не поминаа ни два-три месеци и почнаа да се јавуваат проблемите. Да недај Господ некогаш да имате било каква работа со овај Самаковски! Почна вербално да ги малтретира студентите и вработените. Бараше од сите да му го доставиме пасвордод од емајлот за да можел да ги чита нашите пораки, слушнал од некого дека имало вработени што го куделе него и универзитетот. Еднаш неделно професорите се собираа со асистентите да разговараме за проблеми и предлози за подобрување на предавањата. Самаковски разбрал за ова и ни забрани да се среќаваме групно и да дискутираме за било што приватно или јавно во врска со универзитетот. Да не должам за сите други мали и големи проблеми.

На крајот на првата година јас добив договор за следната година со месечна плата од 3000 евра! Јас зарадван, се јавувам на мојот матичен универзитет во Алабама и им барам отсуство од една година. Тие прифатија. Си велам, за една година ќе заработам 36,000 евра, зошто да не останам во Македонија. А ако ми ги продолжат договорите за понатаму, ќе си живеам во некоја луксузна куќа во Охрид со јахта на Охридско езеро. Луѓето дури ми направија една многу убава визит картичка.
На крај на годината решив да се вратам во Америка за еден месец да завршам некои работи и да се видам со децата. Пред да заминам се сретнавме со странските професори и се договоривме да напишиме извештај за како де се подобрат работите на универзитетот. Јас бев задолжен да го напишам извештајот, на англиски. Можите да го прочитате тука. Не помина ни недела време, добивам порака од Самаковски дека договорот со мене е поништен, не им требам таму. Сега што да прави човек. Ништо, си велам, ќе си се вратам на универзитетот во Алабама. Тие ми  велат, човече, ние не можиме да те вратиме, ние веќе вработивме некој друг на твое место за идната година. И така драги мои, јас останав невработен една година, а во Америка куп трошоци.

Потоа разбрав дека не сум бил само јас, него скоро сите други странски професори, освен двајца, добиле одказ од ректорот Самаковски. Еден од Франција за идната година си ја преселил фамилијата во Охрид, сопругата исто како мене добила отсуство од компанија таму. На крај Самаковски и нему му дал отказ. Зошто? Зошто еднаш Самаковски ја пратил секретарката да го повика професорот да дојди кај него на разговор. Секретарката влегува во училницата, а професорот и вели, ќе оди штом ќе му заврши предавањето. Самаковски се налутил, демек, кој си ти да ме одбиеш мене да дојдиш кога ќе те викнам?
 Професорот си се враќа во Франција, и тој и сопругата беза работа како и јас.

Се прашувам, како можел Самаковски да се однесува вака, да донесува вакви одлуки. Си претпоставувам вака. Самаковски му се јавува на Груевски еден ден и му вели вака: Господине Премиере, идеата за ваков универзитет ти беше супер, ама мислам дека ти не размисле убаво за вработување на странски професори од западни универзитети. Овие што ги вработив ич не се послушни. Онај Митревски од Америка ми продава памет како требало да работиме на ист начин како тие на елитните универзитети во Америка. На онај од Франција му велам дојди кај мене, тој ми велит ќе дојдам кога јас ќе сакам, не кога ти ќе ми наредиш. За другите да не ти кажувам, ми прават уште поголеми проблеми. На сите му дадов отказ, ама сега што да правиме? А Груевски му вели, убо си направил. Види, пробај вработи професори од земји каде професорите знат како да се послушни. Ако му речиш “скокни“, тие ќе ти одговорат “колку високо“. Така и бидна.

Потоа на чело на универзитетот доаѓа професорот Давчев. Скандалите стануваат дупло поголеми. И тој никако не можит да се разберит со странските професори. Некому му текнало да ги проверит истражувањата на Давчев за време на неговата кариера, а тој не само да имал препишувано неколку реченици, него цели статии преземени од некој друг и објавени како да се негови. Давчев како и Самаковски го решава проблемот со давње одказ на непослушните професори.

После него на чело на универзитетот доаѓа сегашниот Ректор Нинослав Марина. Пак некому му текнало да испита како бил вработен, ѓомити незаконски. Сенатот на универзитетот го разрешува, Министерот за образование го враќа назад, а овај му дава отказ на тие што го разрешиле. Скандал, после скандал, после скандал, и на крај страдаат студентите.

Прегледајте го списокот на вработени професори на овај универзитетот тука, проверете колку од нив доаѓаат од елитни универзитети од запад, и колку се од некои источни земји. Исто прашајте се дали би запишале ваше дете на овај универзитет, или на некој технички факултет во Скопје.

No comments:

Post a Comment

Закон за употреба на македонскиот јазик

Идејата за заштита на македонскиот јазик со закон од негова неправилна употреба е глупава и главно неостварлива. Идејата дека државата ќе ко...