December 22, 2018

За волонтерството

Ќе ве замолам да ми дозволите да поразговараме малце за концептот волонтерство. 
Прво, се извинувам што не го знам македонскиот збор за овој термин. Моето школување во Македонија беше само до 8-мо одделение во Подмочани. Второ, за жал ќе морам да наведувам примери од моето искуство во Америка. Два случаи ме поттикнаа да пишувам за ова. Прво, читам во оваа група за ситуацијата со две деца во Асамати што го загубија родителот. Второ, читам во Америка вчера починал претседателот Џорџ Буш постариот на 94-годишна возраст. Подолу ќе ви објаснам која е поврзаноста помеѓу овие два случаи. Џорџ Буш постариот изгуби во претседалските избори за втор мандат наспроти Бил Клинтон само заради тоа што вети дека нема да ги зголеми даноците, а ги зголеми бидејки немал друг узбор за да ја зачува економската раст на државата. Овај Џорџ Буш постариот и претседателот Џими Картер беа најнепопуларните претседатели во Америка од после Втората Светска Војана, а останаа НАЈпопуларни бивши претседатели после завршетотокот на нивното претседателство. Зошто? Затоа што го посочиле сиот свој живот кон волонтерство. 
Денес гледав нa CNN видео како Џорџ Буш постариот со неговата покојна супруга стојат пред продавница и собираат пари донации за сиромаси за организацијата Salvation Army. Претседателот Џими Картер неколку децении со неговата сопруга е волонтер во организацијат Habitat for Humanity, која гради скромни живеалишта за сиромашни семејства низ цел свет, и во Македонија. Ова е нивната веб страница во Македонија http://www.habitat.org.mk/. Со оваа организација во Америка сум многу добро запознат. Нивното мото е "A world where everyone has a decent place to live. Свет каде што секој има подобно место за живеење". 
Три пати на универзитетот каде бев запослен, во летните месеци организирав семинар/воркшоп за средношколци од регионот спонзориран од Rotary Club International (Овај клуб сега веќе го има и тука во Скопје https://www.facebook.com/RotaryClubSkopjeCentar/). Организиравме неколку презентации од Habitat for Humanity за да ги поттикниме младите да размислуваат за волонтерство. Во нашето градче истата оваа организација сеуште има пункт, а студенти од универзитетот редовно се пријавуваа за волонтерство во изградба на куќички, или поправање на застарени куќи. 
Почитувани граѓани на Преспа. Свесен сум дека ние како индивидуалци многу малце имаме влијание во работата на Парламентот во Скопје, во работата на Европскиот парламент и во Нато. Али ние сме доволно мало место за некои работи да можиме да ги решаваме сами. Ги гледам и Подмочанци и Ресенчани скоро секој ден, и никој не може да ме убеди дека тие просто немаат време да посветат неколку саати во месецот за волонтерство, нарочито оние помладите. 
Претседателот Џими Картер е 94 години стар, неговата сопруга е 91 година. Уште ги гледам како волонтираат. Ако тие можат, зошто не би можеле помладите низ Преспа? Деновиве читам има апел за помош за двајца млади деца без родители од Асамати. Се бара помош од Општината и од Црвен крст. Тоа е во ред. На интернет има слики од нивниот руиниран дом. Се прашувам, зошто би било толку голем проблем да се организира мала или поголема група од Преспанци, да се соберат и да им ги отстранат проблемите во куќата. За тоа треба само работна рака од волонтери и градежни материјали. За градежните материјали ќе се бараат донации од претпријатијата низ Ресен. Мислам дека ни Васил, ни фамилијата на покојниот Никола, ни Небија ќе се осиромашат ако секој донира по нешто. За возврат ќе добијат реклама, ГОЛЕМА благодарница и гаранција дека сите ние ќе пазариме кај нив.
Еднаш годишно дипломатскиот кор во Скопје организира чистење на кејот на Вардар. Нели тоа е страм за државата, странците да ни го чистат ѓубрето? Ајде ние во Преспа да организираме нешто слично во летните месеци со емигрантскиот кор во Преспа?

Неколку години сум бил член на изборна комисија во Америка за стипендисти преку програматa Fulbright за амерички студенти во странство. Едно од прашањата е какви волонтерски проекти кандидатот планира да организира додека е во странство. Пред неколку недели се запознав со младиот од Peace Corps во Ресен. Имав прилика да разговарам со него само неколку минути. Детето ми вели дека во Америка имал некој свој мал бизнес и го продал пред да дојди тука. Замислете сега, детето продал бизнес во Америка за да дојди да работи во Македонија како волонтер!
Со овој пост само скам да ги поттикнам постарите да ги поттикнуваат помладите кон волонтерство, и да го гледаат на волонтерството како како блаородна дејност и лично задоволство. Пред неколку недели имав преголемо задоволство да се запознам со фамилијата во Царев Двор од фирмата Spirit of Prespa. Ми раскажуваа како имале група ученици од школото НОВА од Скопје, децата дошле во Царев Двор да соберат јаболка за да ги донираат на сиромаси фамилии во Скопје. Овие од Царев Двор им подариле 300 кила јаболка. Сигурен сум дека не се осиромашиле. Ова е пример на вистинско волонтерство. 

Е, сега вие преспанци што не ќе можите да ги продадите јаболката имате избор: или ќе одат во Голема Река, или кај некои сиромаси. Додека Преспа ќе тони во скапани јаболка, низ Македонија има семејства каде што јаболкото е измислена именка. За време на овие Божиќни постови би сакал да кажам, да им помогниме со нашето волонтерство на тие што не можат да си помогнат себе си.

No comments:

Post a Comment

Закон за употреба на македонскиот јазик

Идејата за заштита на македонскиот јазик со закон од негова неправилна употреба е глупава и главно неостварлива. Идејата дека државата ќе ко...