Според БИРН, според индексот на активна транспарентност за 2018 година што го објави Центарот за граѓански комуникации, институциите објавиле само 43,5 отсто од информациите што биле должни да ги објават според Законот за пристап до информации од јавен карактер.
Во индексот биле вклучени 97 установи на централно и на локално ниво. Под активна транспарентност се подразбира кога некоја установа објавува информации од јавен карактер по самостојна иницијатива, без некој да го побара тоа од неа. Активна транспарентност редко се случува, нарочито кај руралните општини.
Повеќето податоци што се бараат од институциите се општи и тие треба да бидат достапни и без барање. Барањето за пристап треба да се користи само во специфични случаи.
Јас имав еден случај во Ресен за барање на информација од јавен карактер. Си го напишав барањето, го занесов во Општина, таму многу љубезно ме примија, ми ветија дека ќе ја добијам информацијата без проблем. Така и бидна.
Штом излегов од канцеларијата во ходникот по мене дојде еден од вработените и почна да ме обвинува, демек како јас само сум ги малтретирал луѓето во канцеларијата со вакви непотребни барања, заради вакви барања луѓето немале време да си ги вршат нивните обврски. А замислете, нивната обврска е да даваат информации од јавен карактер!
Размислував да барам во Општината информации за тоа како во Подмочани се градеше река што Вардар не може да ја наполни, и бина преголема дури и за Танец да игра. Ама си велам, да не ги малтретирам луѓето!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Закон за употреба на македонскиот јазик
Идејата за заштита на македонскиот јазик со закон од негова неправилна употреба е глупава и главно неостварлива. Идејата дека државата ќе ко...
-
Идејата за заштита на македонскиот јазик со закон од негова неправилна употреба е глупава и главно неостварлива. Идејата дека државата ќе ко...
-
Сега веќе ја добивме крајната цена за реконструкција на ова училиште во Љубојно, цели 32.8 милиони денари! Не сакам да бидам сфатен погрешно...
-
Последните неколку дена во македонските медиуми се шират информации за тоа како „Ракописи стари 500 години од Институтот за македонски јази...
No comments:
Post a Comment