Ова е од состанокот на советот на Општина Ресен.
Станав сабајле, некако ладно за работа надвор, си велам, дај да одам да слушнам што ќе се дискутира на состанокот. Во Америка каде што живеев и работев долги години беше мало градче како Ресен, имав доста прилики да прусуствувам на состаноци на тамошниот совет. Исто сакав да направам споредба. Состанокот закажан за во 11 часот. Јас таму во 10:50.
Не знам дали состанокот обично бил отворен за граѓани. Прашувам човек во салата, ми вели дека е отворен, само не можам да поставувам прашања. Јасно. Седнувам и чекам. Почетокот на состанокот касни 45 минути! Претседателот ги чита точките (26). Го прашува членот од комисијата во врска со првата точка да се изјасни. Советничката вели дека заради оправдани причини Комисијата немала време да се состани, затоа бара пауза од пола саат. Претседателот дава пауза.
И сега? Си велам, ако и други комисии побараат пауза состанокот ќе треба да трае до полноќ. Ништо, сите излегуваат, и јас после нив, колата си одам дома. Ево неколку примедби од ова искуство.
Прво, што е и најважно, не ми е јасно зошто јас бев едини граѓанин присутник на состанокот? Сите се жалате за тоа дека општината, градоначалникот, советниците ич не ги интересира за потребите на жителите на општината, а вие не можите да отделите неколку часа во месецот да видите и слушните што се дискутира на состанокот на советот?
Ако има 15 состаноци во годината, соберете друштво од 15 и договорете се барем еден од вас да присуствува на секоја седницата и да напиши краток извештај. По инерција секоја државна администрација низ цел свет се стреми колку што може помалце да работи и да има што помал контакт со народот. А зошто да им дозволиме да биде така? Ако нив многу малце ги интересираат нашите проблеми, со нашето отсуство ние само ги поткрепуваме во нивното понашање.
Се сеќавам во моето мало градче (Auburn, Alabama), понекогаш ќе немаше место каде да седнат сите посетители на состанокот. Друга битна разлика е тоа што во моето градче секогаш последната точка беше прашања од граѓаните. А во Ресен тоа го нема. Не знам дали за ова има нешто во Законот за локална самоуправа, или тоа се регулира на локално ниво. Ако е второто, тогаш зошто да не бараме и во Ресен да има точка каде граѓанин може да се изјасни пред цел совет и пред други граѓани?
Друго, првите 25 точки на сосатанокот беа Предлози (за ова или за она). Јас како граѓанин немам пристап до овие предлози пред почетокот на состанокот, да ги прочитам и да му дадам мое мислење на советник или на група советници. А како советниците ќе одлучуваат за некои предлози без да го знаат мислењето на граѓаните?
Сигурно повеќето од вас имате деца во школо во Ресен. Нели би ве интересирала точката 16. Предлог - Програма за активностите на Општина Ресен од областа на образованието во 2019 година? Дали знаете, и дали не би сакале да знаете што има во таа програма? Како советниците одлучиле што ќе има во таа програма без да го знаат вашето мислење? Зар толку ќе им биде тешко во Општината да ги објават сите овие програми на нивната веб страница за да можиме сите да ги прочитаме и да им дадеме наши мислења? Мене лично ме интересираа три точки.
7. Предлог – Програма за чистење на речните корита на подрачјето на Оштина Ресен за 2019 година. Сакав да дознам дали реката во Подмочани е вклучена во оваа програма.
17. Предлог - Програма за активностите на Општина Ресен од областа на промоција и комуникација со јавноста и меѓународна соработка за 2019 година. Сакав да знам, кога реално ќе проработи веб страната на општината за јас да имам пристап до сите документи од јавен карактер, и да можам да комуницирам со администрацијата преку веб страната. Во врска со меѓународна соработка, имам куп предлози за соработка со иселениците.
18. Предлог – Програма за еднакви можности на жените и мажите за 2019 година. Од памтивек во Подмочани не е имало жена член во селската месна заедница. Сигурно е исто и во сите, или повеќето села во општината. Ова прашање го поставив за време на последните избори за месната заедница. Одговорот беше дека на никоја жена не и е забрането да биде член во месната заедница. А никој не се прашал зошто жените не сакаат да се кандидираат во селските месни заедници и зошто никогаш не присуствуваат на состаноци на месната заедница? Зар тие немаат потреби и проблеми што треба да ги решава месната заедница?
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Закон за употреба на македонскиот јазик
Идејата за заштита на македонскиот јазик со закон од негова неправилна употреба е глупава и главно неостварлива. Идејата дека државата ќе ко...
-
Идејата за заштита на македонскиот јазик со закон од негова неправилна употреба е глупава и главно неостварлива. Идејата дека државата ќе ко...
-
Сега веќе ја добивме крајната цена за реконструкција на ова училиште во Љубојно, цели 32.8 милиони денари! Не сакам да бидам сфатен погрешно...
-
Последните неколку дена во македонските медиуми се шират информации за тоа како „Ракописи стари 500 години од Институтот за македонски јази...
No comments:
Post a Comment