June 14, 2022

Дозвола за риболов

 Пред неколку дена читавме дека годишна дозвола за риболов со јадица на Преспанско езеро ќе коштала 3.000 денари. Си велам, дај да проверам која е цената за слична дозвола во сојузната држава Тенеси во Америка, каде поминувам неколку месеци во годината. Има неколку опции.

Годишна дозвола за лов на мал дивеч И риболов било каде низ целата територија на државата Тенеси, на кое било езеро или река е $34.00 = 1.800 денари. Иста дозвола за деца до 15 години е $10.00 = 550 денари. Годишна дозвола само за риболов и за само во општината каде што живееш е $11.00 = 600 денари. За пензионери над 65 години дозвола за лов на мал дивеч и риболов за цел живот (не годишно) низ целата држава е $50.00 = 2.800.

No comments:

Post a Comment

Пак за обнова на училиштето во Љубојно

  Сега веќе ја добивме крајната цена за реконструкција на ова училиште во Љубојно, цели 32.8 милиони денари! Не сакам да бидам сфатен погреш...