Стојан Христов беше писател, новинар, публицист со македонско потекло и сенатор на сојузната држава Вермонт во САД. Еден од неговите романи е „Ова е мојата татковина“ ("This is my country"). За него има често пишувано во македонските медиуми, каде понекогаш се споменува дека овој роман му бил омилен на америчкиот претседател Франклин Д. Рузвелт. Али никаде не се наведува извор за ова тврдење. Имено, кому Рузвелт му го кажал ова. Некои од македонските медиуми исто тврдат дека кога претседателот Франклин Рузвелт починал на масата била оваа книга. Некои медиуми тврдата дека книгата била најдена на канцелариската маса во Белата Куќа на Франклин Рузвелт, а некои дека на смртниот час, првото што наоѓаат на масата од Рузвелт е “Ова е мојата татковина”. Никој од медиумите не наведува извор за ова тврдење.
Претседателот Рузвелт почина во неговата „Мала Бела Куќа“ (Little White House) во гратчето Warm Springs во сојузната држава Georgia. Неговиот дом сега е државен музеј со своја веб страна. Од радозналост јас сакав да дознам колку е веродостојна информацијата дека оваа книга Рузвелт воопшто ја поседувал. На веб страната има фотографии од домот. Сите соби во домот се оставени во иста состојба како на денот кога Рузвелт починал. За да добијам точни информации за тоа дали книгата на Стојан Христов постои во овој дом јас се обратив по телефон (+1 706-655-5870 и +1 706-655-5927) до музејот „Мала Бела Куќа“ и разговарав со госпоѓата Robin Garret. Таа многу пријатно ме сослуша и ми објасни дека во музејот има шкафови со книги, исто така и список на сите книги во музејот. Ме замоли да и се јавам после еден час, додека таа не ги прегледа шкафовите со книги и списокот. И се јавив после час и пол, и госпоѓата ми кажа дека таа книга ја нема ни во шкафовите, ни во списокот. Али исто ми рече дека тоа не значи дека таа книга никогаш не била во домот. Ми рече, можно е сопругата на Рузвелт да ја има земено книгата со себе во нивниот дом во гратчето Hyde Park.
Домот на Рузвелтови е во гратчето Hyde Park во сојузната држава New York, сега неговата Претседателска библиотека. Таа е личната библиотека на претседателот Рузвелт од приближно 22.000 тома. Библиотеката исто има веб страна со опција за пребарување на насловите во неа. Ако пребарувате по автор (Stoyan Christowe) ќе добиетге 0 резултати, што значи дека таму не постои ниедна книга од овој автор. Али, ако пребарувате по наслов ("This is my country"), што е исто така и наслов на романот на Стојан Христов, ќе добиете еден резултат, али тука се работи за илустриран атлас на Америка ("A pictorial map of the United States"), а не романот на Стојан Христов. Тогаш можно e да некој прочитал некаде дека во библиотеката на Рузвелт постои насловот "This is my country" и помислил дека се работи за книгата на Стојан Христов, не знаејќи дека се работи за сосема друга книга, за атлас на Америка.
Дигитална верзија на книгата на Сотојан Христов на англиски е достапна и на онлајн продавницата на Barnes&Noble. Во детали за книгата таму пишува „It was one of the five books found on President Franklin D. Roosevelt's bedside table when he passed away“, била една од петте книги најдени на креветната маса на претседателот Франклин Д. Рузвелт кога починал. Ако е точно дека спалната соба каде почина Рузвелт е оставена онака како на денот кога тој почина, од фотографијата се гледа дека на таа локација нема никаква книга.
Да резумирам. Според моите досегашни истражувања книгата "This is my country" на Стојан Христов ја нема ни во „Малата Бела Куќа“ во гратчето Warm Springs, ни во Претседателската библиотека во гратчето Hyde Park, ни на креветната маса во спалната соба на Рузвелт. Од тие што тврдат дека се работи баш за книгата на Стојан Христов треба да бараме податоци за нивните извори:
1. Податокот дека Рузвелт ја поседувал оваа книга?
2. Податокот дека книгата на Стојан Христов му била подарена на Рузвелт од сопругата за роденден?
3. Кому Рузвелт му кажал дека оваа книга му била омилена, и дека Стојан Христов му бил омилен писател?
4. Ако оваа книга била една од петте други книги на неговата креветна маса, кои се другите четири книги?
No comments:
Post a Comment